ги (зам.) - одвои (гл.)

Сето тоа лошо се одразува на иднината на Македонија, на духовниот пат на развој мора да посееме добро семе, оти: кој денес ќе посее оган, утре ќе пожнее крвава бура Сега доаѓам до еден мал одговор на сите овие прашања: Мора добро да се изостри погледот- до таа мера што ќе има моќност или моќ за опсервација, веднаш да ги види сите добри или лоши нешта, и моќ притоа да ги одвои едното од другото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во едниот дисаг беше ги одвоил авалеџијата череците, двачереци, грошеви, алтилаци и други ситни пари, а во другиот само белите меџудии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но во 1557 великиот везир Мехмедпаша Соколовиќ (1565-1579) ги одвоил српските епархии од Охридската архиепископија и ја обновил Пеќската патријаршија, на чело со неговиот роден брат.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во таа прилика српската црква ги приклучила епархиите Мороздвидска и Ќустендилска, заедно со градот Разлог.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Потоа уморен, смирен, ги собра деланките што успеа да ги одвои од саклестото тело на трупецот и ги внесе во колибата, ставајќи ги крај огништето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога трите прста ги стави на левата страна на градите за да рече Амин, ја наведна главата, ги одвои прстите и си ја положи дланката на градата пуштајќи го така Бога, како што веруваше, да ѝ влезе во душата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој час народот се распиште и се разбега на сите страни, а заптиите и војниците, пред сите Јосиф Акиноски, потрчаа да ги одвојат Лазора и Арнаутчето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога го иставија Лазора од Арнаутчето, тој беше сиот искрвавен и онесвестен, а Арнаутчето и живо и свесно но со здробен врат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Овие практики ги одвојуваат перспективите и мислењата на говорниците и на писателите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Овие јазични практики воведуваат начини на зборување и пишување кои се сметаат за рационални, неутрални, и респектибилни, истакнувајќи ја довербата во авторитативниот опис и имперсоналното експертско мислење.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Механизмот на памтењето со мака ги оживува, често беспомошен да ги поврзе и да ги одвои од случајностите, да ги предаде наполно и јасно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Оти: си влегол, татко, во одајата со записот проклет, но очите не си можел да ги одвоиш од буквата Ж, буквата девојка, што зографот-краснописец ја нарисал да биде со очи питоми, со раце и нозе раширени, спремна да го познае мажот свој; Оти: си видел жена, сподобие страсно во писмо, клопче отровно, со очи гулабови; со коса како стадо кози, кога слегуваат од Галадската гора; со заби – стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење; Оти: вратот ѝ е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; градите ѝ се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; Оти: твојот страстен поглед ѝ дал топлина на буквата-девојка, и таа оживеала, и скокнала од писмото-клопче, па паднала пред твоите нозе и почнала да ти ги бакнува стапалата; Оти, ти рекла: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; Оти: иако си му се заветувал на Бога по раѓањето на твојот единствен (сега ја разбирам смислата на нагласката на овој збор во говорот на Лествичникот пред логотетот!), син Лествичникот, си ѝ рекол: „О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеби чувствуваат дека машката геј-агресија се насочува против самата состојба на суштествувањето како жена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби не грешат кога лично се чувствуваат како цел, кога мислат дека машката геј-култура им го напаѓа самото суштествување како жени преку своите бујни претставувања на екстравагантната, претерана, хистерична, страдна, унижена или абјектна женственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А границата што сакав да ја повлечам меѓу женственоста и женскоста можеби е граница што за голем број жени нема некоја разлика, зашто ним честопати им е тешко, ако не и невозможно, да ги одвојат двете категории при секојдневното искуство на родот и на родовиот идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Колку и да е згодно да се застапува – заради обликување на политичка одбрана на машката геј-култура – некаква апсолутно реска разграниченост меѓу женственоста и родовата улога или изведба, од една страна, и женскоста како полова или биолошка состојба, од друга страна, границата меѓу нив честопати излегува понејасна и понехерметичка отколку што човек би сакал, особено бидејќи самите машки геј-културни практики се склони да ја разводнуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тука на писателите им е овозможено да се вклучат, да отвораат нови соби, ходници, интриги, да ги одвојуваат меѓусебно текстовите, да создаваат нови врски, да ги дополнуваат или обезвреднуваат текстовите на другите, да ги менуваат насоките на заплетот, да манипулираат со времето и просторот, меѓусебно да си ги убиваат јунаците.” (The N.Y.T....)
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
-Навистина, линијата што треба да ги одвои планината и небото не се гледа. Тие се како едно.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Смисли начин да ги одвоиш! – му одговори старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Некогаш се прашував ‘Кој сум јас?’, а сега знам: јас сум ништо.“ Идниот ден разговарав со брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Посакував да можам да ги видам сликите кои трепереа во нивните мечтаења и да ги насетам нивните мисли, сакав да знам што ќе си речеа кога би паднале воздржаноста, непријатноста, срамежливоста, сакав да ги видам движењата на нивните тела во мигот кога желбата би надминала сѐ останато и би направила кожата на нивните тела да биде единственото нешто што ги одвојува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ги одвои своите усни од моите, рече: „Некогаш се прашував ‘Кој сум јас?’, и се надевав дека низ таа запрашаност ќе стигнам до одговорот за сопствената суштина која ме поврзува со сѐ што постои во универзумот - состојба до која треба да стигне секое човечко суштество поставувајќи си го тоа прашање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нивните светови беа составени од толку различни нешта, а и таа и тој толку силно сакаа да ги слушнат еден од друг различностите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не чекореше, туку ги влечеше нозете по земјата и не можеше да ги одвои од неа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А како, кога седумдесет години не ги одвои од неа за да не му се преврати товарот, за да не ја изгуби рамнотежата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но – ја положува десната дланка врз мојата лева рака: - ти ги одвоив Јужноамериканците. Астуриас, Сабато, Кортасар, Борхес.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Познавачите на срцето на автомобилите ги советувале да возат и само да возат оти застанувањето може да ги одвои од патот и од зацртаната цел.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но тој бил и останал љубезен и со насмевка на младоженец пред прва вечер во која тој само ќе го повтори она што го научил на тајни среќавања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бил и останал таков: млади жени поучувал, постарите ги обогатувал со сеќавања за младоста, на ваквите каква што била Фиданка Кукникова им се предавал в раце како штотуку да ги одвоил усните од млечна дојка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И така, тргнува да весла, без платно, научена дека љубовта нема ама баш никаква врска со гужвањето чаршави, па сама веќе си ги одвоила тие две категории исто како и „појаките“ и олеснета со сознанието дека на наткасната никој нема да ѝ остави банкнота (е тоа е понижувачки!), без прибор за лов и риболов, се фали јавно со уловот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кој е правиот пат, знае ли некој да ми каже!? Барем да ми ги одвои подобрите два.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се напрегаше, стануваше напор за да ги размрси своите претпоставки, или можеби, за да ги одвои гласните олуци од нешто друго, не знаеше што - давење на мотор, плач на ранет жерав, топот на проѕирни приказни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога ги интерпретирал историските фонтови, главната цел по која се водел била да ги одвои оригиналната идеја и фор мата од техничките ограничувања на времето во кое настанал фонтот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се принаведна, погледна во разводникот, го прст ги одвои платините, чепна уште нешто, па со прст и го затвори разводникот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зони на конфликт Границите, и териториите кои тие ги одвојуваат, може да претставуваат причина за конфликт, извор на конфликт, или залог на конфликт.30 Кажано со зборовите на Примо Леви, границите се места каде што почнуваат војните.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Може да се појави и постепена транзиција: означена со средни зони или преодни меѓу- зони или, да го употребиме геополитичкиот термин „ничија земја“ (на пр. демилитаризираната зона која ги одвојува Северна и Јужна Кореја).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во речникот, границите се дефинираат како меѓа или раб кој ги одвојува елементите внатре од оние кои се надвор.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
(Пауза. Русинот и Американецот ги одвојуваат рацете.) Кој е посилен, Русија или Америка? (Пауза. Тишина.) Кој е по хи-фи?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)