ги (зам.) - одброи (гл.)

Тринаесет годишно девојче, во темен подрум, без покривка, кревет, босонога ги одбројува деновите, црни денови... гладна и стредна...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Центар на модата Во „Староместне намјести“ се наоѓа средновековната саат-кула, која ги одбројува часовите цели пет века.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Чукањето на часовникот на ѕидот го чувствува тешко, мачно; како да му ги одбројува часовите.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Имам мистички визии и космички вибрации Ален Гинзберг Благословувам постојано Благословувам Сѐ што е околу мене. (Предметите Ми ги одбројуваат часовите Додека ги разместувам по сеќавање)
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)