ги (зам.) - оближе (гл.)

Една црнокрила пеперутка ни ги оближува испуканите усни и прави мегдан за трепетите на црвеникавите роднокрајни звуци.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Малендавиот пламен ги зафати и потфати, ги подбра, ги оближа, се разниша над нив, посина и кога се чинеше дека ќе згасне, наеднаш се исправи и ја осветли земјанката. Никој не се помрдна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Помина со прстите низ устата, ги оближи и ситните парчиња што му останаа во тепсијата при сечењето на месото, си ги стави во чинијата, и пред да почне да јаде, им рече на полковниците: - Повелете...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Од другото мени“, ѝ рече.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ги оближав неколкупати дланките и поминав со нив преку острата безредна коса.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Краста (Си ги оближува усните): Сè е во ред.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Додека Бети отиде по завој и алкохол дозволи ми да ја погледнам раничката! (Тики збунето му го подава исечениот прст) Тики, младо момче, ова се прави вака! (му го цица прстот) Тики: Ох, Еди, се однесуваш како Дракула.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
– Вода! Вода! Вода! – се заори хорска пискотница во тврдината од стотина-двесте деца, и старите почнаа да ги оближуваат сувите усни, да ги понаквасат со слинките од јазиците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со втората Ване седна па почна полека да ја отпива, внимавајќи да ги оближе сите суви места во устата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)