ги (зам.) - нервира (гл.)

Но, јужниот црноморски брег, полн со воздух, сонце и море, често ги нервира летувалците и туристите, зашто населбите и камповите, селата и градовите, покрај вода се без вода.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А за мажите работите се едноставни и мажите повеќе не им веруваат на женските солзи!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Од машка перспектива, жените размислуваат премногу и се комплицираат, колку е покомплицирано толку повеќе се возбудени, прават милиони работи од еднаш, тие се поизбувливи, раздразливи, затоа често плачат а тоа ги нервира мажите најмногу од се.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сами меѓу себе се издаваа, кога мислеа дека ќе им станам сојузник за да бидат посилни кога напаѓаат некого кој во моментот ги нервира. Се чудев на нивната несвесност.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тропањето на камчето сепак се слушаше- доволно да ги нервира и недоволно да им биде згодно пак да се расправаат поради тоа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Го фрла низ прозорецот: Не знам како не ги нервира?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Под два, ги нервира тоа што купуваш слики, а вистинските сликари никогаш не купуваат туѓи слики - тоа едноставно не се работи.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Како кукурикаат петлињата без перчиња?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Или тие служат само за украс, колку да ги нервираат умрените кошарџии, бојаџии и комарџии – живо сведоштво за тоа дека сепак имало минато без сегашност и дека ќе има сегашност без иднина.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)