ги (зам.) - најави (гл.)

Во десет слики мениите ги најавуваат вечерите во кои се одвива сообраќајот на материјалната размена, како влегувањето и излегувањето на храната, така и на човечките тела и алузивните дескриптивни реплики.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А дома, намуртеното лице на жена ми ги најавува новите сметки за струја и парно, и старите незадоволства поради брачната тескоба, додека високиот писок на децата ја дополнува нејзината безозборна тажачка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Референците низ целиот роман Мажјачиште кои се чини дека ги најавуваат различните аспекти од Дишановото последно дело од големи размери, Étant donnés: 1. La Chute dќeau 2. Le Gaz d'éclairage (Дадени: 1. Водопадот 2. Осветлувачкиот гас, 1946-66), се буквални и многу чести.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Снопчиња сино полско цвеќе (им го заборавив името), прилично наконтени за своето потекло, ги дошминкуваат приодите до главните „ѕвезди“: бледите божури, кои ги нарекуваат „полски“, старомодните рози, вечерните јаглики...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Слугите биле префрлени во „дел заслуги“ во сутеренот, веднаш до кујната и визбата, што е уште еден важен прекин со дотогашната традиција во Англија ( а која ние сега ја прифаќаме како да постоела отсекогаш – во типично англиските крими-приказни, слугите се „долу“ и тука озборуваат, а горе, во холот, батлерот во бели ракавици ги најавува гостите аристократи).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во војна, тој ги најавува борбите.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Овие крајно непристојни и идиотски платна на Магрит ги најавуваат les Croûtes и Régressions на Гасиоро­вски (Gasiorowski).
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Гита го жали: во пролетниот календар на гибелта, некогашниот прв човек на заедницата, сега само странец во еден голем ориентален град што никогаш наполно не го прифати за свој, поранешниот главен рабин и претседател на општината на Салоника ги брои писоците на локомотивите што ги најавуваат транспортите на живи луѓе, откорнатици со извесна дестинација, но и неизвесна судбина.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во мај, разредениот воздух над гетото Барон Хирш само двапати го пара писокот и го исполнува пареата од локомотивите на двете композиции со нов човечки товар во истите добиточни вагови: на 3-от и 9-от ден на месецот во кој едвај кој можеше да забележи како богато цутеа дрвјата во дворовите од напушените еврејски куќи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа прикладност се шири дури и кон фактот дека тие текстови се наоѓаат вон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Овие епиграфи секако во одредена мера се прикладни, по тоа што ги најавуваат идеите или сликите содржани во самиот текст на „Платоновата фармација“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)