ги (зам.) - начне (гл.)

Тие суштествувале во сите времиња, биле време во времињата што минувале низ нивната несовладивост; миговите не можеле да им ги начнат срцата - пијат и вечни се, не познаваат недоверливост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се разбира дека е погрешно да се гледа „Етант доне...“ како нешто малку повеќе од обичен визуелен документ за врската меѓу Дишан и Марија Мартинс.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не само што таблото зависи од теми кои Дишан ги начнал во претходните свои дела, туку и во финалната верзија тој свесно ги отстранил сите преостанати лични референци во „Етант доне...“ и неколку години по конечното прекинување на нивната врска (нејзиниот маж го преселил целото семејство во Бразил) Дишан изгледа дека го сменил идентитетот на женската фигура, менувајќи ѝ ја бојата на косата така што повеќе да одговара на бојата на косата на неговата идна жена Алексина Матис (позната како Тини), со која се оженил во 1954.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Колку убавини, толку таги има Што не сум ги начнал и не сум ги сетил, Толку предели што не сум ги посетил, Што не сум ги насетил и преселил Во окото, во душата, оскорушата На есен, тополата разголена, разболена Од лисјето пред паѓање, пламенот на згаснување Толку убавини, а празнина во душата.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Законите под тоа небо биле туѓи и туѓински а тие биле должни да се тргнат од згрбавеноста на ропството и да си ги покажат срцата. Минато, сегашност, иднина, нели? Сеедно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)