ги (зам.) - наследи (гл.)

Вие сте во право кога велите дека и јас ги наследив татковите илузии, неговите гени, не определувајќи се ниту за Запад, ниту за Исток, како да останав со сето семејство да го исполнувам мајкиниот завет. Којзнае каде е вистината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
За гледиштето на МекКинон дека “мажите се такви какви што се бидејќи тие имаат моќ” и дека “жените кои ќе ги наследат машките форми на моќ во голема мера ќе бидат исти такви,” (види MacKinnon 1987, 220). 10.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Јас името и правењето на тикушот ги наследив од мојата свекрва од турско потекло.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како да сум осуден на заминување. – Татко ти, спокојна му душа, беше храбар човек, ги издржа сите налети, остана силен на своето место! – Јас како да ги наследив мајкините гени, морам да ги истрадам нејзините заминувања. Ѝ реков пред некој ден оти ќе заминам преку границата, со жена ми и децата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во други куќи крај Езерото се правеше тикуш, ама со друго име, обично го викаа пита со пиле...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Палтото му е ветво, а цел век го помина како шивач во дуќанот што, заедно со ибришимот, метрото и ножиците ги наследи од татко му.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како што можете да претпоставите, со семејството припаѓаше, фала му на Севишниот, на старата, сефардска, не на новава синагога на „Космајска” улица во која одат мондените и доселените Ашкенази.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)