ги (зам.) - наоѓа (гл.)

Затоа, за Чанга секоја книга од татковата библиотека како и од книгите за козите што ги наоѓаше од некои свои извори, претставуваше драгоцен камен на големата тврдина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не знам колку кутии сол тие денови, од онаа од половина килограм пакувана во кутии од бел картон со втиснати сини букви, оставав како ненамерно во просториите каде што беа сместени работниците и кутиите ги наоѓав празни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Наместо да се прашуваме за изоморфизмот на невронско ниво (кој сигурно не постои), или на ниво на подоргани (кој постои но не кажува ништо особено), ние ќе бараме изоморфизам меѓу два мозоци на ниво на симболи, т.е. соодветствие или пресликување, кое за симболите од едниот мозок ги наоѓа соодветните од другиот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Што ме гледаш? Не може, велам, повеќе вака, не ги наоѓам јас парите на буниште, за да ги раздавам на ајљази.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По присоинките, каде што во раната пролет Бојан ги наоѓаше првите качунки, сега почна овде-онде да се покажува руенот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го носел и својот маузер, за него многу прикажуваа во селото, Змејко знаеше само за фишеците од таа пушка, што ги наоѓаше по мутлите од старата куќа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го гледаа секој ден по сончево време или по дожд како шета крај брегот, се пика во трските, шеварот, рошка со рацете низ гнилежот и врбовиот густеж и ја полни торбата со секакви дрвца што ги наоѓаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Одеа меко, тромаво и страшно како оние жолтоцрни дождалци што ги наоѓаше како дете на карпи, и за миг, само за миг, низ нивната прореденост откри, замисли, со напор на претсмртник создаде бескрајна сомотна долина во која пливаа во роса две синолички.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сепак, потсвесно се надеваше дека сите одговори ќе ги наоѓа во од.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Денешните системи во огромно мнозинство се фонолошки; нефонолошките системи ги наоѓаме претежно во најстариот период од историјата на писмото, и токму на нив сега накусо ќе се задржиме.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тие жилаво се вкорениле во многу зборови на балканските јазици!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ги наоѓаме и таму каде што сме мислеле дека не постојат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но причините за многу свои внатрешни промени човекот не ги наоѓа, впрочем и не ги бара.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Човек може да се потпре само на мртвите предмети како што се штекерите, кваките, лавабоата, секогаш ги наоѓаш на старото место, и секогаш се исти“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Малиот ги наоѓа скршените очила и му ги мести.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
ГЛАСОТ: Што би се случило, ако на исламски вампир му принесете крст?
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
За четвртата оксфордширска градина пишувам по повратокот во Скопје.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Вечерта по погребот, спепелената мајка ги наоѓа мојот татко и сестра му со усти преполни диво цвеќе, и цвеќе украдено од градината.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Луѓето гледаат како нејзиното тело замира од болка, како брчките на нејзиното високо бело чело стануваа се подлабоки, како, и се смалуваат очите...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Исто како оние што ги наоѓаат и ги берат на џадето, по ендеците, во бозјакот и бурјанот и на полјанките каде што ги разнесува ветрот. Тие не мрднуваат од место.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И се чини дека тој лежи пред неа, тука, до нејзините колена.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А Крстовица првин се стаписа, се слиса, ѝ стежна срцето, се стресе како да ја зграби студешница, нешто стопоти во неа, саклет ја стегна, ја сподави, пред очите сѐ повеќе ѝ се згустува мракот, се свиткуваат гредите, се навалуваат ѕидовите, стега таванот, нозете супрашка ѝ ги пече и санкум скудоумна, олелека најпрвин тивко, болката во липтежот ѝ ги искриви усните, ѝ го огрде лицето и, гледајќи наоколу со молбен поглед, подаде раце...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Овде, на оваа неверојатна Барка секој е натоварен сам - и секој мора сам, секоја вечер да ги наоѓа последните преживеани за последната забава.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И, во берењето, ќе ги наоѓаме легалиците нивни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стево ги наоѓа летците и револверот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тие се задоволуваат со тоа да лутаат по електронските патеки на киберспејсот и да влегуваат во системите по ќеф. На киберпанкерите „не им е незгодно“ да ги уништат или искористат информациите што ги наоѓаат. Презриви потомци на хакерите, тие сметаат дека девизата на постарите „Гледај но не допирај” е чиста глупост. „Една од работите која нѐ разликува од хакерите е нивното верување дека „информациите се моќ“. Ние велиме „Моќта е моќ“, вели Св.Витус.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
аа такви има како нема Игејци коуку сакаш ки и најдете у ступанствуту ејми ги извадија тиа бишијнта и на нејнто место ги кладеа них има уд секаква семка не зн′м шо нема ки и најте как не ки и најте ама не ги наоѓаат кочините за бишијнта се там ама Игејци нема и бишијна нема и додека момата го пее писмото тие ја наоѓаат Демир Капија велат поуна су Игејци и навистина там ги има ногу тоуку ногу шо тукашни ни да мирисниш ама кучинте навистина имаат друга ава не е онаа шо е надруф таа уд надруф у носут дупка ти праве тоуку силна може уд збуботента вода на Вардарут која турка две планини близначки с′те уд камин шо са крева дур до небту и пу адна цапутинка џурка уд другта срана и врве надолу ду Гивгилија и у Гивгилија Игејци поуну Власи најногу ејми Ума уд ва срана а селто на Димустен уд другта срана, како да го слуша Пелагија неизговорениот шепот на Танаско.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Со други дваесетина и мажите од нејзината куќа ги наоѓаат по планината.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)