ги (зам.) - наостри (гл.)

Таа ги наострила сите ножови и и ги излеала казаните за ракија. Пијана, подмолна свиња судбина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И кучињата и момчето, изморени од тишината во која изгледаше дека се слуша само паѓањето на снегот, ги наострија ушите, фаќајќи се за тој ненадеен крик како за нешто многу интересно, нешто многу пожелно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Како волци кога гледаат стадо овци, ги наострија сите забите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Фигаро ги наостри ушите и – фр – по неа.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)