ги (зам.) - намами (гл.)

Загреаниот, раскашавен леб, го истури во една копанка и ги намами кучињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дождовите значеа живот. Имаше и задолжени врачеви кои организираа колективни молитви за да ги намамат дождовите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Според Макавеите утре се очекува силен ветер, бура, таман да ги намами и преостанатите јагули.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, тој наместо да се повлече, тргнал во друга офанзива, па почнал да ги намамува раководните луѓе од студиото на Дизни да работат за него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога по неколку дена го најдоа, ги намами музиката.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Штом ќе изгрееше сонцето, орлите, во јата, ќе јурнеа од сртот на Потковицата спрема Беговски Ливаѓе, а лукавите штркови ќе ги намамеа во блатата, и тука, на земја, ги убиваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Обрастен со разно зеленило брегот е убав во секоја доба: во пролет е прошаран со цутови од секакви бои што шират опоен мирис и им внесуваат немир и возбуда на пчелите; во лето се гледаат разни плодови кои дрочат на сонцето и ги намамуваат птиците; во есен не се знае кое дрво полична боја има; пламтат лисјата како оган; зиме покриени се со бели пулајки, реси и чипки.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Уште чекаат силен ветер да ги намами јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)