ги (зам.) - наложи (гл.)

Гледањето низ појавата на нештата може да бара не само посебен напор, туку исто така и тренинг и експертиза.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Интуицијата се појавува уште кај предмодернистите како што е Демокрит, кој зборува за атомите, кај Хераклит, кој ги зема спротивностите како сеопшти придвижувачи, кај Платон, кој ги наложува Идеите како принцип на реалноста зад подвижниот свет, и кај средновековните философи кои во Бог гледаат придвижувач на сѐ во универзумот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Она што е лесно да се види тие го сметаат за површинско - т.е. нешто што не наведува во погрешна насока.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таквиот буквар положувајќи ги во Македонија основите на поуслагодената српска писменост, ќе ја омили српската книга и ќе им ги наложи Србите (на народот) како поблиски луѓе и ќе се поитри да го задоволат...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јова или која било, ќе ги наложи со коприви и сол за да им спласнат сињилата и да можат утре да издржат повторно додека да се смилува Мефаил да ги пушти дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само така ќе можеме да излеземе на крај со натрапничките зборови во нашите јазици, кога ги наложи историјата на туѓинците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако исклучиме одредени ограничувања што поштата им ги налага на корисниците (димензиите, тежината на пратките, височината на таксите), преку пошта практично може да се прати сè - од визуелни, преку звучни, до кинетични содржини забележени на филмска или видео лента.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не може да се избави од впечатокот, или од сомнението, дека нејзините напнати изливи на емоционален израз можеби се надуени повеќе од строгите услови што ги налагаат екстремните ситуации што ги прикажува, на смртните страданија што биле побуда и сигнал за сета таа страст.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Или, поточно, трагедијата да се претвори во мелодрама.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, дури и за хетеросексуалците, дури и надвор од мелодраматичниот свет на семејството, има нешто незгодно или театрално или срамно во задачата да се пренесе нанадвор она што се чувствува внатре.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, она што трагедијата не може да го преживее е и најблагото знакче дека можеби, само можеби, е „малкуцка изнасилена“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Речиси неизбежно има некој елемент на претераност или неавтентичност, па дури и на травестија во искажувањето на која било велика страст.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Општествената и емоционалната неавтентичност можеби се во средето на визијата на трагедијата за светот, но тоа е погубно за трагедијата како форма.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Би се рекло дури и дека она што ја прави страста велика, она што ги преувеличува емоциите од кои се состои, е токму свеста дека е невозможно тие да се искажат транспарентно – и следователната потреба да се најде начин да им се даде лик што ќе ги задоволи критериумите за претставување што ги налага нивната великост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некој таков расчекор помеѓу чувството и неговиот израз, ако не се препознае иронично, создава трагична возвишеност што се лепи за главните наративи за машкиот генерациски судир во европската култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Особено откако направи неколку и ладнокрвни и очајнички обиди да излезе од станот поради потреби што ги налага секојдневието.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)