ги (зам.) - надлетува (гл.)

Однадвор Сарајот личеше на раскошна галија на два ката, со впечатлива фасада чиј двор го заплиснуваа далгите на морето, а стреите му ги надлетуваа морски галеби.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Еден француски авион ги надлетува окопите бугарски и исфрла ракети. Ни кажува кај се.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не стига тоа, туку, ене, Севда дури сега виде, некакво птичиште ги надлетува, со канџи на нозете, во клунот како игла и Севда гледа оти птичиштето како да сака очите да ѝ ги ископа... ...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Му се слоши кога на телевизија гледаше како хеликоптерите ги надлетуваат селата во кои тој никогаш дотогаш не бил.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Речиси физички го почувствува чадот што се дигаше од куќите, остана без воздух и се закашла исто како тогаш кога шлаканицата пукна по образот на девојчето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)