ги (зам.) - надлета (гл.)

Слетавме во темна, густа, длабока и миризлива, топла и леплива ноќ, индиска ноќ, крај океанот, во Гоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ни птица, дури ни пеперутка, живи не можат да ги надлетаат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Е, тогаш дедо ви ќе се загрижи дека сте ги надлетале и облаците и ќе рече дека е крајно време да ве одведе кај бајачката во соседството - за неа сите знаат дека ептен ја бива за баење од уроци, ама и од секакви летања со умот, нарочно над облаците.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Е-е-еј... Е-е-еј... Мојот довик ги надлета зорите, се префрли преку планината, таму го позеде друга планина, трета, петта...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Овие зборови во нивните мисли добиваа крилја за да ги надлетаат и осветлат мистериите на исчезнатите ориентализми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татко и Камилски, покрај обврските што си ги презедоа да ги состават конечните листите на (без)опасните ориентализми во балканските јазици, не престануваа да се сопнуваат, и едниот и другиот, на зборови кои заслужуваа посебен третман не само поради долгата задржаност во балканските, но и во некои европски јазици, туку и поради нивната моќ да не бидат заменети од новите современи поими.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се сместивме удобно врз неговиот летачки килим и брзо ги надлетавме планината Бистра сосе сите нејзини потоци и шуми, сосе Мавровското Езеро и сите села и викендички околу него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)