ги (зам.) - набројува (гл.)

За да одговориме на вашите факти вие треба да ни објасните до каде, имено, се простираат вашите етнографски граници на југ и кои места влегуваат во границите на вашата Стара Србија, зашто според нашите етнографски и географски знаења, фактите, кои вие ги набројувате, повеќе зборуваат во наша корист, т.е. не дека егзархијата ги изнасилува Србите за да го примат бугаризмот туку дека вие и вашата влада го правите тоа со бугарскиот елемент во Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На почетокот се бунев, објаснував, ја тргав железната завеса, ги набројував републиките, верите и јазиците, ги откривав адутите, убавините на Дубровник, ја истакнував разновидноста од култури и пејсажи во малата балканска земја, дрдорев за убавината на нашиот брег, чистотата на нашето море, за предноста на нашето самоуправување, нашата релативна демократија, нашиот пасош кој секаде го признаваат, нашата позиција помеѓу Запад и Исток, нашиот софт-комунизам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Набројувам дати, имиња, наведувам резултати од демократски избори во проценти, ги набројувам партиите на власт и оние во опозиција, имиња на лидери, настани, градови...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Некаде каде што нема да морам да ги набројувам левите притоки на Вардар за да заспијам.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Веќе ги набројував во себе луѓето на кои ќе им пишувам и ќе го барам она што сакам да го барам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во зборникот „Алтернативна архитектура“, во која се прикажани бројни примери на зазеленување на yидовите или крововите, еден од авторите, Гернот Минке (Gernot Minke), ги набројува предностите на таа архитектура над класичната.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Беше подзастаната. Оставаше впечаток дека всушност си ги набројува тие свои предности, а јас, уверен во ваквите нејзини размисли, всушност само ѝ помагав во разлиструвањето на тој нејзин тефтер.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми помагаше лицето на Катерина. Навистина си вообразував дека нејзино лице е читлива книга!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој таа вечер раскажуваше бесрамни нешта, кои се премолчуваа во секој дом и во секое друштво кое не припаѓаше на самото дно на општеството; дури и кога пријателите на Берта се обидуваа барем малку да го насочат разговорот на друга страна, па го прашуваа за тоа каде ги направил првите слики по нарачка, тој зборуваше како на петнаесет години во некоја јавна куќа насликал неколку актови на ѕидовите, а потоа раскажуваше што сѐ правел таму освен што сликал; го распрашуваа кого портретирал изминатите години, а тој ги набројуваше портретите на сопругите на месарите, банкарите, докторите и професорите, и помалку зборуваше за портретите, а повеќе за тоа што сѐ правел со портретираните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој раскажуваше, ние црвенеевме, а Берта Ауербах сигурно веќе имаше решено уште таа вечер да му каже на овој млад човек дека ја откажува нарачката за семејните портрети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ѝ зборуваше за некоја имагинарна личност, лудо вљубена во некоја девојка, притоа ги набројуваше доживувањата на тој несфатен несреќник; отворено ја страдаше својата болка а заклучокот што го беше изрекол се чинеше фасцинантен: Требало секогаш да сочувствуваме со лудо вљубените.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)