ги (зам.) - моли (гл.)

Вечерта кога ни јавија дека е повредена ги молевме болничарите во Градската болница да нѐ пуштат да ја видиме, барем на кратко.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тогаш се крена целото село да ги моли монархофашистите да ја пуштат барем едната жена, мајка ми или снаа ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Понекогаш како луди ќе се фатат за пенисот, хистерично врескаат и ги молат другите да им помогнат да го држат, за да не им побегне и да го пробие телото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Са ноќ стоеше сама крај прозорецот и нешто ги молеше пролетните ветришта.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кога да погледнеш на пладнина во август. - пеперутки што наскокуваат од изгорената трева, - детенце што си заспало среде пожолтени цветови, - ждребе со испружено јазиче што ги моли небесата за дожд Кога да погледнеш на пладнина во август.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Мајка му, држејќи го за раце него, Максима, и плачејќи го молеше Неби бег тој лично да им го предаде на делениците во Прилеп и да ги моли од нејзино име и од име на татко му лично тие да го испратат до манастирот Трескавец кај стрикото Ефимеј, игумен на манастирот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кутриот Васја, кога слушнал за пороганијата, беше ги пресретнал одочесниците во Беговски Ливаѓе, долу под станицата, паднал на колена пред нив и почнал да ги моли, да ги заколнува, за да му ја вратат фотографијата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Барам да го водите а присутните ги молам за сведоци.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Значи, зборовите Ritorna vincitor! веќе се многу оптоварени со драматична иронија во самиот текст на Вердиевата опера, а ирониите се умножуваат кога тие зборови ги цитираат и ги користат геј-мажи повеќе од еден век подоцна во контекст на некој локален натпревар.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
“, а Аида ги следи како екот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во прочуената арија што следува, таа се грчи од ужас и од збунетост поради чувството што предмалку го изговорила, повторувајќи го, од јад и запрепастена, велепредавничкиот поздрав што му го рекла на својот љубовник и си ги коментира предавство на татковината и на татка си кое се подразбира, размислувајќи за растргнатоста меѓу еротската љубов и патриотската љубов, меѓу семејството и сопругот, меѓу должноста и желбата, па ги моли бозите да ѝ се смилуваат во таа нејзина гибелна и абјектна (несомнено и гламурозна) положба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Хор Египќани, кој си го бодри јунакот кон победа, извикува „Ritorna vincitor!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некој од селаните излезе напред и почна да им вели и да ги моли дека тука посигурен ни е спасот и дека во Долно Дупени, Љубојно и Брајчино си имаме роднини и кај нив ќе си останеме додека помине лошото и потоа ќе си се вратиме дома. – Не! – рекоа нашите партизани и ги вперија цевките кон нас.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ама таму ми е местото. Затоа ќе се вратам таму.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така ми велат докторите кога ги молам да ме пуштат. А сега им побегнав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Немаш некоја Македонка? Или ги молиш овие нашиве?...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кон нив јас го имам дадено и мојот опис: како клечеше пред нив, како ги молеше да ти простат и како им ги веќаваше главите и на Иванов и на целиот Централен комитет, само да ја спасиш твојата...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Брегаста карпа на дното од езерото гнездо свила... ги моли ги кани...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Но, тој ниеднаш не ги молеше. Тој просто не беше роден за да може да го прави тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога биле на отпуска, жените ги молеле да се предадат, оти децата им трпат за јадење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги враќа назад војниците што бегаат, ги куражи, ги моли.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ги молевме да станат, рече Дуко Вендија, мртвите да станат, а живите да влезат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Двајца од оние што ѝ биле на главнината зад грб бегале обезглавени а оружјето им останало таму кај што биле вкопани, трет, постар човек со тажни мустаќи, се влечел мечешки по нив и ги молел да го земат со себе или да го убијат, да не го остават беспомошен пред бесот на каурите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сонцето нагло паднало зад планински врв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не ги молев да ми ги ослободат рацете и нозете.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Температурата на животот топеше еден студен, дотогаш непробоен оклоп а тој плашејќи се да биде разголен до дно поставуваше примки. „Јано“, рече. „Тој професор за кого ти расправав чека сега луѓе во заседа и ги моли да пијат со него.“ „Ти не пиеш.“ Дали е возможно, мислеше. Дали е возможно.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Момичките ги молат момите да им кажуваат: како саканиот ја фатил за плетенка или за рака.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Со Името Господово ги моли! Ги проколнува!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Немајќи каде да бегаат, луѓето ги молеле боговите да запре ерупцијата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
За да ги моли.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Мајката ги моли: — Мили сестрички, мили мајчички, мили бабички!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И нункото, и попот, и дедот Петко, и Стојо, сите ги молија да останат на вечера, но тие си зедоа „седите со здравје — ајте ми со здравје“ и кршија глава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа ги молам сите живи а на умрените — нивните потомци, да не го земаат за зло и навреда ако се прикажани како негативни личности.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од темницата на вагонот се јавува Роса со својот милозлив глас што ги моли нејзините моми некако да се пробијат до вратата за да може таа да им ги подава шејовите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но сѐ што чинеа тие, беше безуспешно, зашто тој пак се снаоѓаше: одеше кај пријателите во селото и ги молеше да му дадат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Немаа намера да ги молат Французите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога лисичињата видоа дека од зајачињата не им се заканува никаква опасност, почнаа да ги молат: - Останете да си играме, викаа во еден глас.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Попусто кутри татко ги молел барем само чевлињата за детето да му ги дадат, дека јас цела година ги чекам тие чевлиња.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не мораме за ништо да ги молиме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)