ги (зам.) - меша (гл.)

Естетиката на „богатиот поглед“ ги меша редоследот на причината и последиците како што се меша и редоследот на продукцијата и рецепцијата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во медиското устројство, така, светот е огромен екран врз кој со ваквиот „богат поглед“ се проектираат (и од којшто се примаат) колективните фантазии, желби и стравови.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Неговите приказни беа цели испомешани. Ги мешаше Клерк Гебл со Стен Лорел и сл.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но место за Прилеп, ова оружје замина за Пирин со кое Сандански навистина наоружа стотини свои востаници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А овој, откако ја намириса работата дека ќе ги мешаат капите со агата, се зарадува на предлогот од Толета и во мај замина по канал за Софија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ова често се случува кога објектот трпи влијание на повеќе од една сила. (...) Теоријата на детерминистичкиот хаос ги меша детерминизмот и веројатноста на еден потполно неочекуван начин.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Брзо ги отвори боите и почна да ги меша...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пијат само ретки пијалаци, ги мешаат. Море, мешаат и друго. Ама пак се земјосуваат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Лесно доаѓа до овердоуз:десетина таблети можат да ве убијат, а ако ги мешате со алкохол доволни се и пет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Подеднакво ги мешаат и историските времиња: епските песни со фантомите на непризнаените кралеви, овие пак со црвените комунистички ѕвезди, гуслите со борбените труби, трубите со топовските цевки.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Совет: внимавајте и немојте никогаш да ги мешате со алкохол, освен ако не сакате да го прекратите животот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Толку се наблиску еден до друг, што, напросто, си ги мешаат водите и на тој начин прават едно единствено извориште.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зашто ни во најжешко лето не пресушуваат, и зашто водата е студена и лесна за пиење, жителите на Потковицата кон нив се однесуваат како кон природен резервоар на вода за домаќинствата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Како резултат на тоа, разбирливо е што поголем дел од неговите интимни познанства со жени никогаш не прераснале во посериозна емотивна врска.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Навистина, тој повеќе пати предупредувал една од своите девојки, Беатрис Вуд, млада актерка која што ја сретнал во Њујорк во 1916 (и која се уште е жива), никогаш да не ги меша сексот и љубовта, што според неговото мислење таа го правела во нејзината неуспешна врска со неговиот пријател Хенри Пјер Рош. (7) 110 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога очите се сини или зелени, тие ја отликуваат планетата Земја. (Кога таа е во ден, кога сите нејзини бои се сини од океаните или зелени од зелените површини, кога ги меша боите, преоѓајќи една во друга, исто како водата во морињата пред одблесокот на сончевите зраци.) Кога очите се кафеаво-зеленикави, тие ја отсликуваат планетата Земја кога таа е на преодот помеѓу денот и ноќта.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Значи, ние не сакајќи да ги мешаме нашите интереси со бугарските ја даваме својата согласност и го озаконуваме постојниот ред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оние што се збиени, уште од зори си ги мешаат сенките, се надјавнуваат, се грабаат на просторот, се издолжуваат и се собираат како пијавици, како полипи, како чудовишта; сокаците: удриле кај им било мило; еден од нив, најширокиот, се припил до езерото, не се дели од него: кај врти езерото, и тој; кај ќе се намери на куќа, се тргнува настрана, се свиткува, се стеснува; кај се спушта брегот на езерото, и тој по него; колку што се проширува брегот на езерото во летно време - толку и тој.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И, додека гледам како под фолии насадил цели леи вртипоп, нане, босилок, мајчина душичка, тој ми покажува дека има и сушилница за билките, горд на производството и на погонот за пакување: маса на која една жена од ѓутуре ги меша сувите растенија, ги мери на кујнска вага, ги пакува во теглички и им лепи декларации.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А јас ќе ги карам: да не ги мешаат коските од мртвите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сон, ко сон, си ги меша луѓето, деновите, местата, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Залагањето за легализација како да ги меша последиците на криминализацијата со последиците на општествените проблеми, или подобро кажано, взаемното дејство на криминализацијата и спречувањето или исклучувањето од општеството.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Познато е дека многу наркомани се занимавале со криминал и пред да станат зависници и дека високата стапка на криминалот и наркоманијата толку земала замав во општеството и културата, што не е можно едноставно да исчезне благодарение на фактот што на наркоманите ќе им биде овозможено да се снабдуваат со поевтини дроги.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ги меша желбата да привлечат внимание, а ги немаат вистинските атрибути.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ако се од женски пол се шминкаат на несоодветни пригоди како на пример на излет или дневна прошетка во парк. шминкерите ги мешаат работите, затоа што не се сигурни што сакаат и во која група припаѓаат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не треба да се претерува со такви нешта, зашто има опасност да почне да не разликува сон од јаве... да ги меша...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во рамките на империите, националните граници немаат никаква важност, бидњјќи империите непрекинато ги мешаат народите за границите да ја загубат својата релевантност.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ги меша житниот корен со семето од макот и од езерските дланки вечерната ѕвезда ја ближи.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
За про'ртувањата што го вознемируваат постоењето и ги мешаат намерите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Готови се да ме осудат на најстрогата казна, повеќе никогаш да не пишувам, затоа што со своите постојни и измислени ,балканизми невозможни амалгами, свесно сум ги мешал балканските јазици, особено мајчиниот и другиот јазик на кој пишувам загрозувајќи ја нивната чистота.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И добро знам, во завршниот дел на обвинението и небеските ,руристи и земските ,патриоти, наспроти полиглотите кои се сметаат за лоши патриоти, со големо уживање и најчиста совест ќе ме осудат за моето упорно ,балканско мултијазичие, за сакатењето на јазиците на кои пишував.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Северњакот сега удира во бранови, ги меша облаците, ги раздробува и распарталува и ги развејува по ноќното небо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)