ги (зам.) - мами (гл.)

До неа, како удари со стап допираа зборовите: - Е бре, лајнар - тоа е гласот на Кољо, си помисли Фимка - секогаш така ги мамиш кутрите жени...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа ја нарушуваше и расцепуваше тешката монотонија напластена над сивите покриви и уште оддалеку ги мамеше погледите на минувачите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој најмногу ги мами народите...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Колонизаторите не ги мамат само домородците на начини што Фанон толку јасно ги покажа, туку мораат да се мамат и самите себе.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Така помина зимата. Пролетното сонце сите ги мамеше надвор.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Но, наивно е да мислат дека тие, како поединци со име и пре- зиме, се амнестирани од било каква лична одговорност за лошата состојба со работничките права во РМ – бидејќи, нели, тие се само слепи ‘применувачи’, а не и ‘создавачи’ на правото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И, како што подвлекува проф. Ван Кенегем (R. C. van Caenegem), од Универ- зитетот во Гент: „[О, по ѓаволите, па] каква корист имаме ние од судиите, ако тие можат да бидат принудени да се сложат со неправичните барања на власта?“
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Нивната црвена руба, нивните наметала [и тоги] со хермелинско крзно, со кои се дотерани како [некои] мачори, палатите во коишто судат, китките лилии и сиот тој величествен болскот [ним] им е толку нужен... [Тие] никогаш не би можеле да ги мамат луѓето кои не можат да и преодолеат на оваа, толку веродостојна комедија...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На тркалезната дупка, високо горе во карпата, се беше залепило небото и ги мамеше со својата синевина. Од горе до долу се спуштаа стрми карпи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И на ветрот ништо не може да му попречи да ги размрешка езерските води, да ги довее крилестите бубалчиња за да ги мамат рибите - по нив да скокаат - спокојни.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Тоа беа дуќани што нудеа многу, кои ги мамеа купувачите со одблесокот на златните предмети преку стаклените окна: блесокот на златото, пак, се одбиваше од сјајот на нивните очи, така што тие често влегуваа да купат по некое парче од Еразмовото злато.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)