ги (зам.) - ликвидира (гл.)

Во 1826 година, кога султанот Махмуд II ги ликвидирал јаничарите, Алија се одметнал и вршел зулуми над народот, а покрај другото барал под шаторот да му доаѓаат убави девојки.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На крајот се разбра работата од каде беше: Мајка му на јузбашијата беше била каурка — Гркинка, но беше побегнала за некој си бег во Солун, ама од голем мерак што имале обајцата еден спрема друг, таа успеала да го кандиса да не ја потурчува, што значи тој беше од татко Турчин, а мајка христијанка, која во неговото детинство беше повлијала на неговото воспитание и разбирање за каурите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И слабо кој направи понекој мал истап, кои истапи јузбашијата уште во почетокот ги ликвидираше разумно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Откога султанот Махмуд Втори ги ликвидира јаничарите, имаше одметници.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А некои и смениле страна, им се придружиле.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Друго не знаеја, оти во последно време мрежата на селски поткажувачи се распадна – некој ги пробил базите на податоци во Министерството, им кажаа, и се слушаше дека почнале да ги ликвидираат, еден по еден.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Бидејќи со тоа доверената ни задача а и нашите животи беа доведени во опасност, јас му наредив на нашиот човек двајцата да ги ликвидира заради што му го дадов моето лесно оружје што Вие ми го доделивте поради поголема практичност во извршувањето на нашата специфична задача.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Требало да се истакне „храброста“ на војската и полицијата коишто успеале ладнокрвно да ги ликвидираат атентаторите (иако за нивното херојско однесување и загинување знаел целиот град) и по секоја цена, било преку прогласувањето дека тие, наводно, му припаѓале на „Македоно-бугарскиот комитет“ или преку „пронаоѓањето“ кај Коста документи, да се убеди домашната и странската јавност дека гемиџиите биле членови на „комитетите“ и дека имале врска со Бугарија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Турскиот пратеник, изразувајќи задоволство од симпатиите што му биле укажани на султанот, им изјавил дека нивната молба не можела да биде уважена, бидејќи турската војска и полиција за кусо време ќе ги ликвидираат „бандитите“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во вашата земја, една економија од марксистичко-ленинистичка провениенција ги употреби сите средства да ги ликвидира козите; кај нас, друга економија од обратен, капиталистички карактер, го доведе во прашање постоењето на говедската раса, предизвикувајќи ја болеста на кравјото лудило познато како еnсерhаlораthу ѕроgnifоrmе, која, како што се вели, се пренесува и на луѓе, во форма на болеста Сrеutzfеld-Јасоb.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Властите и партијата имаа јасна стратегија: ако на почетокот ги ликвидираат козите на неколкумина интелектуалци, на предни позиции во јавниот и културниот живот, сигурно подоцна ќе биде полесно со простите козари.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За нас радост - за возрасните голема грижа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Им пречеше дека трчаат низ тревниците, расфрлале ѓубре, ноќе лаеле и на еден куќен совет решиле да ги ликвидираат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се гордеевме со нив: да чуваш две кучиња речиси сред градот, каде ни кокошка со пилиња не смее да се чува.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)