ги (зам.) - кубе (гл.)

Така спремните врапци ги складираа во качиња со сало.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа, пак, ги кубеше, ги опрлуваше на огинот во пампурот, потем ги печеше на жарот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Расплакана Албанка, косите што си ги куби, фалби на Кузман му плете, бидејќи во оваа слава и подвиг ѝ убил можеби маж или дете.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ѕидниот часовник – предел во кој да го препознаеш белото велигденско оро околу црквата; црвената поплава на узреаните цреши; златниот прстен што на месечина го коват коњите околу стожерот во дворот; појавата на црните ѕвезди спроти луњите; фортуната во која останаа завеани кирајџиите; жените што со разголени дојки пеат во жетвите на далечните лета; сенката на старецот дури се крсти над трпезата; јаренцата што ги кубат перуниките во дворот; девојката која гледајќи ги размножува пупките на овошките; расфрланите коски на предците како ракопис на далечните потомства; прошетка под оваа априлска месечина кога си шептат нешто историјата и татковината,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во очај косите си ги кубеа, вриштеа и пиштеа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Плачев на глас, си ги кубев косите, се удирав по глава…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Некои ќе му се спуштаат на рамената, некои ќе му се сместат на главата, а некои ќе му ги кубат влакната од ушите, или ќе му ги колват очилата, сè додека едно од нив не одлета, преправајќи се како да има нешто скапоцено во својот клун, а потоа дваесетина или повеќе наврат-нанос ќе се нафрлат за да му го грабнат тоа што му било во устата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Само летно време, играјќи брканица, децата се криеја во неа, а наесен немирникот – ветер кога ќе зашумеше во оголените гранки на тополите, и ги кубеше сламените старечки плеќи, се напињаше да ја одвее, но Аврамовата колиба зачудо долго време се додржа и остана сред бавчите како спомен на страшниот полјак со големи обесени мустаќи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Но, Илија со едно замавнување со десната рака, во која го држи ножот, ги одстранува обете и тие продолжуваат да си ги кубат косите).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Си ја зеде крвта од татка ти... (Саветка и Антица, кои за ова време си ги кубат косите, се обидуваат да го оттргнат Илија и да го ослободат Ристаќија.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Се будев во собата во која спиев со моите четири сестри, внимателно станував од креветот кој го делев со Паулина, и потоа на прсти се приближував до прозорецот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Многупати ноќе се будев од соништата во кои мама ме водеше в река, застанувавме во плиткото, а потоа таа ми го фаќаше главчето, и ме потопуваше додека јас губев здив под водата, и гледав како рибите ме касаат по лицето; или пак мама се претвораше во ѕвер и ме растргнуваше; или пак јас бев птица за која таа не знаеше дека е нејзината ќерка, па ме фаќаше, ми ја отсекуваше главата, а потоа го попаруваше моето обезглавено тело и ми ги кубеше пердувите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Прашуваше има ли некаде во Европа старски дом за сиромашни галабици на кои, нели, не им личи да пцовисуваат на улица, а и да сакаат веќе не можат никому да му се одмаздат за беспарицата што им ги кубе крилјата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)