ги (зам.) - крсти (гл.)

Но ако треба со тие две имиња да ги крстите овие две нешта, кое име на кое сподобие ќе му го дадете?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ние не ја ослободивме Македонија за да ги крстите децата со некои таму негрчки имиња.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Луѓето најпрвин бегале од нив, потоа им се заканувале со ластегарки и ги крстиле Проказници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Такви, исплашени и грди, стасале некако во Кукулино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ЦОНКА: А и ни умреа неколку деца што ни ги крсти тој... (Плаче усилено да побуди сочувство.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тие јазли, т.е. држави, според силата што ја имаа кога се образуваа, си ги разделија меѓу себе сите колца – племиња и наречја на јужнословенскиот етнографски синџир и ги крстија со нивното име. Јазлите како свој центар си го имаа носителот на националното име; со зголемувањето или смалувањето на политичката моќ на носителот на националното име и последново се раширува или се смалува.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ЦОНКА: И еве. Господ ни го донесе баш чорбаџи Давадос. Поголем касмет за нас не може да биде!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)