ги (зам.) - коле (гл.)

И тие како овие одеа по планините, фаќаа чорбаџии, им земаа пари ако донесат и ги пуштаа заробените есири; а кој не сакаше или немаше да плати есирите ги колеа и си заминуваа други да фаќаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се ширеше квичеж по сите дворови; некои се плашеа да ги фаќаат со раце, да ги колат со нож, и ги убиваа со пушки.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тогаш беше само дете, но му се чинеше дека ги слуша пискотниците на недолжните што ги колеа, та срцето му се полнеше со гнев заради неправадата, заради страдањето на неговите беспомошни предци.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Та нели тогаш во Листра му дојде да си ја искубе брадата од ужас кога виде дека ги беа донеле јунците да ги колат во негова чест, дека го нарекуваа со името Хермесово и мислеа дека е самиот Бог што се симнал меѓу нив?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Овдека вака, вели, на своите колена си ги колеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А пак, оние што не можеа да станат - ги колеа за јадење.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ги налегнаа и другите што останаа живи, а повеќето и загинаа. He ги колеа или убиваа налегнатите, зашто така беше наредбата со време издадена на војската: колку што се може, повеќе живи да се налегнат, за да се исполни царската заповед.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И вика: пире, пире, пире, и ги фаќа една по една кокошките, ги коле. Фаќај, коли, фрлај. Куп.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Може и Арангел вака ги коли луѓето, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)