ги (зам.) - кара (гл.)

- Не се карај и да не ги караш дечките! - му подвикна дедо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но се случуваше да згреши понекогаш нешто во работата и мајсторите заборавајќи на неговата поранешна прилежност и трудољубивост, почнуваа со истата жестина како и другите помлади да ги караат и да го навредуваат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И сепак тој се чувствуваше нешто погоре од чифчиите, подолу од бегот и беше доволен со својата положба, бидејќи и тој можеше да ги псуе чифчиите, да ги кара, па дури и да протепа по некој кога бегот беше отсутен, да не заборават оти се робови — измеќари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му текна на некој арамија и јајчар да ни го брани јазикот и ние му се исплашивме. И да не ми ги караш дечките...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А јас ќе ги карам: да не ги мешаат коските од мртвите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А и командирот се погодил разбран човек. Им заповедал на војниците да не прават пакост по селата. Ги карал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Онака, од страна како таа сцена ја гледаат Митра и Петра, се чини дека мајката си ги кара децата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)