ги (зам.) - канализира (гл.)

Иако неговите скулптурални објекти, инсталации и перформанси честопати формално се чини дека потсетуваат на такви движења како Флуксус, Минимализам, Арте Повера, Концептуална уметност и перформанс, Бојс не престана да инсистира дека во основа неговата работа фундаментално се разликува од онаа на неговите современици.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Бојс чувствуваше дека преку неговата уметност ќе може да навлезе во архаичните сили кои лежат зад прагот на перцепцијата; неговите дела треба да ги канализираат тие сили во моќна „Констелација од енергии“ што понатаму ќе продолжи да еманира. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 87
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Наеднаш спротивставувајќи ѝ се на презирната ќерка со секавичнa јарост во онаа прочуена кулминациска сцена, таа ѝ дава речовит и гламурозен израз на жестината што веќе им тлее на долго маргинализираните и малтретирани луѓе – жестина што лесно се разгорува во услови на краен стрес.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наречете го тоа моќ на хистеријата или наречете го востание на абјектните, наречете го дури и феминистички гнев: можеби сите тие се различни имиња на едно и исто нешто.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во секој случај, она со што си имаме работа во сцените од Милдред Пирс и од Најмила мамичке не е терористичката моќ на машкото заплашување и доминирање, туку моќ на жртвата која веќе нема да трпи и која се враќа триумфално, „ранета и доминантна“, да им се спротивстави на своите прогонители со сета силина на својата болка.294 Кога би можело задеваното и тормозено настрано дете, втерано онаму в ќош на игралиштето, или кога само би можел злоставуваниот љубовник, предаден и измалтретиран од дечкото, да ги смогне и да ги канализира таа праведничка, победоносна јарост, жестината и гламурот на Џоан Крафорд, можеби би нашол во себе смелост, сила и сигурност да го возврати ударот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, најинтересна појава во спотов е преувеличената имитација на Џоан Крафорд од пријателката на Марки, Софија Копола, која накратко се појавува во текот на целиот спот во многу кратки секвенции.406 Тешко е да се опишат со зборови точната содржина и тонот на изведбата на Копола, како и особениот впечаток што го остава.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мора да го гледате спотот (го има на Јутјуб и на ди-ви-дито од Соник јут, „Корпоративен дух“ (Corporate Ghost): спотови, 1990 – 2002) од 2004 година).407 Во контекстот на печатена книга, најмногу што можам да сторам за да го доловам општиот вкус на спотот е ако ставам неколку стоп-кадри од него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еден коментатор под спотот на интернет, обожавател на Соник јут, се обидува да долови „што се обидуваат да пренесат СЈ“ велејќи: „Понекогаш си мислам дека ги канализираат внатрешните превирања и внатрешната болка на г-а Крафорд“.408 Тоа можеби важи за пеењето на Мур, односно за неговите врисоци, макар што првобитниот наслов на нумерата, „Пушење“, упатува на нешто понесентиментален и на посатиричен однос.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ким Гордон, меѓутоа, кога си ја опишува фасцинираноста од приказот на „ранливост“ на бината, особено откако некоја исполнителка ќе доживее „слом“, дава некаква оправданост на сочувствителното читање на спотот од страна на обожавателот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)