ги (зам.) - исчува (гл.)

А таа му рече: Точно, како што ниедна мајка тоа не го сака, но само мајката е должна децата да ги исчува здрави и цели.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во себе ја оплакува црната мома Пелагија и си блазисува што навреме ги искуба своите момички од таму, ми ги исчува господ, си мисли, оти малечки, а тука преку ноќ нека пораснат ако треба и секоја од нив ќе си ја најде својата среќа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Уште истата ноќ, кога Арслан бег со дружината потона во Чепиговски Мртвици, додека за тоа уште се немаше расчуено. заедно со чупата Перуноска, потајум, дојава на Имотот и на својот соплеменик, на истиот оној што дојде од Светогорскиот манастир за да ги исчува Имотот и сираците, му го раскажа само за тоа, само за да биде запишано во тефтерот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)