ги (зам.) - исцели (гл.)

Неретко знаеше и хемороидите да им ги исцелува на пациентите.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Одново сега го гледам тоа стебло, се смалило, изгорело, се исушило и колку подолго се загледувам така одново го слушам тој познат глас што ги исцелува душите и од кој зацрвенуваат плодовите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Само еден духовен принцип кој одговара на човековите потреби за идентификување може да ги исцели раните предизвикани од дехуманизираните глобални економии и политики.”
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Минале векови, и станало јасно дека не се врти сонцето околу земјата, туку земјата околу сонцето, за природните појави се барале дефиниции, а сепак и натаму божјите посредници ги прогласувале лудите за опседнати од ѓаволот, и спроведувајќи ја божјата воља одлучувале дали опседнатите ќе бидат лечени со молитви, или пратени на аџилак за да ги исцели светото место, или пак, ако проценеле дека станува збор не за опседнатост туку за доброволен сојуз со ѓаволот, казната била палење на клада, или бесење, или давење во вода.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
7. Божице строга, Ти што ми претскажа вечна скитија, Ја претчувствуваш ли необложноста Една нова материја во облик на македониум Дека ќе го обликува светот од пепел Или ќе ни ги исцели раните?
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Кога во Европа започнува епохата на рационализмот, лудите нема веќе да бидат гледани само како грешници кои паднале под власт на демонските сили, туку и како опасни суштества, или суштества кои не можат да придонесат во општеството и со своето постоење го попречуваат неговото функционирање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Видовита и оргазмична енергијата од далеку зрачи: да ги исцелиме – да станеме цели и желни по спротивниот пол.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Потоа пројавија интерес и за животописот во гробната капела на св. Наум каде што се прикажани неговите чуда: го направил неподвижен монахот што сакал да го открадне неговото тело од гробот; го направил неподвижен крадецот што сакал да го украде коњот од манастирот; ги излечил разните душевно болни луѓе изгонувајќи го од нив злото и бесот и им ги исцелил нивните душевни страдања, вадејќи им го нечистиот низ устата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)