ги (зам.) - исфрлува (гл.)

Еве, старечкиот глас колебливо, засипнато ја пробиваше вревата, закрепнуваше и во стишувањето на салата полека ги исфрлуваше познатите формули.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тукушто поминаа дождовите и сонцето почна да ја грее земјата, да ја вари како во казан, стаса поморија по рибите: осамна езерото со илјадници збрлавени риби што водата ги изфрлуваше на брегот; скокаа рибите низ песокта, прпелкаа се превиткуваа, замавнуваа со опашката, ја тресеа главата, ја закопуваа во песокта за да ја столчат, да прекинат со овие грчеви; умираа со подзинати усти, со испуплени очи; од мевот им се цедеше недоисфрлената икра.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На гола земја, засмрдена од нечистотиите што тука ги исфрлуваа морските бранови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)