ги (зам.) - истури (гл.)

Доста се позадржа со децата. Ја крена тавата, ги смете и нивните ронки, и кога Илко ги истури дрвата под огништето, му рече: — Ајде сега да одиш да го ватиш црниот петел шо сака сестрица Митра да го коле.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Додека го слушаше директорот како изнесува нови аргументи во прилог на можното откритие, Татко веднаш, со мислите, се пренесе кај Мајка, во ноќта по балканскиот покер, кога, пред сон, ѝ ги истури сите маки.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сете пари ќе и чуам само за пушки, лели велиш оти ќе ни требат, И уште тука Толе се распаша, го извади ќемерот од Арсланбеј што му го зеде во Старавина со шеесет и пет лири, во кој беше ги сместил и оние од овците од Букри, та ги истури на сакмата и почна да ги брои по десет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зацрпе еден, два три грста бели меџудии, пет, шест грста ситни пари и му ги истури во скутот на Андона небарем круши горници му ги полни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Имам троа вересиа да собера и ќе ти и натокма — се пошегува, мислејќи на Јована Сивев, кој му остана должен седумнаесет лири, па продолжи: — Само едно ќе ве молам да му кажите на нашите големи луѓе: да не ми пречат во моите работи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Луѓето се збија исплашени сосем до ѕидот и Стојан Пискулиев остана сам на средина, повргнат в прав и скоро прегазен од страшната сила што ги истури својот гнев над него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Каква радост ќе биде кога ќе ги истури во скутот на Вита, жена му, сребрените динари...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Само да мрднеш и ќе ти ги истурат цревата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Зар апсурдноста на повикот од еден државен систем со кој не се идентифицирам може да ме регрутира и да ме испрати на фронт каде ќе ми ги истурат цревата за цел која ми е далечна колку и септичките јами во некое од предградијата на Рио де Женеиро, може да се нарече морален, а моето дрогирање да се оквалификува како неморално?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И тогаш со некое дрвце ќе го отвореше долапот и ќе ни ги истуреше пуканките на софрата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Само да можеше да го разлути и да ѝ ги истури обвинувањата в лице, да ја осуди, и тогаш таа ќе може да се брани наместо да го моли да ја разбере и да ја признае нејзината невиност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Прими го богатството мое и споменувај ме во своите молитви, - театрално, со остра нотка на иронија, рече Глигор и ги истури џебовите во плашливо подадените раце.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
2. Ќе ми потфрлат некоја каша или смрзната риба и јас ќе ги истурам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тајната е во тоа што откако пребледев, премалев и три пати си ги истурив цревата од повраќање, по ладните облоги кои малку ми ја вратија силата, решив да доручкувам, а тогаш беше 13:00 часот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Овој го истрга пиштолот и ги истури сите куршуми по Профима.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но езерото ретко беше бесно, ретко му идеше некоја лошина и бес што требаше да ги истури, а почесто беше мирно, спокојно, полно со светлина што одблеснуваше на куќата од Бандо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој го извади пиштолот и ги истури куршумите во Бандо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се појави уште таму, во Гаково, дамна пред да се напикаат во вагоните што ги истурија тука.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Јас само ќе додадам дека тоа беа мигови кога ноќта ги истури зборовите што ги беа смислиле суштествата од високите гранки, додека Борис Стојчев, или поточно соред Катерина привидот од неговата сенка, шеташе по мермерните плочки што ја оградуваа фонтаната и се ѕвереше угоре, во крошната, од која еден по еден се јавуваа гласовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сите се собраа околу него, но место одговор продолжија да плачат. – Да не сте писнале зашто со клоци ќе ви ги истурам цревата – викна силно момчето околу кое се собраа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Додека го открива стравот, додека се слуша последното биење на блиската камбана, тие се веќе од другата страна на реката, во уличката која, заедно со многу други луѓе, ги истура во дворот на црквата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Заплака облакот. Ги истури солзите кои паѓајќи, се претвораа со бели ѕвездести снегулки.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ане прво ги истури ќофтињата на земја, а потоа си замина.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Зарошкав низ торбето, ги истурив книгите, но моливот го немаше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Како може без причина да го поткрева својот крескав глас и да ги истура пред нејзините очи сите незадоволства што го мачат?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Каде тргна, Спасио?“ „На река“. „Што така“? „Да поработам со пиралката. Да ги истурам ако може горчините“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Гледаше во залезот на сонцето како ги истура последните зраци во Езерото, менувајќи го синилото на водата во потемни нијанси.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А вашата фела за жал толку неодговорно ги истура“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ги налолниле торбињата со куршуми и ги истуриле во огнот. 61
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)