ги (зам.) - ислуша (гл.)

Судот ги ислуша сите внимателно и како што стана случката така и пресуди.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Севишниот, сепак, беше на нејзина страна, покорно ѝ ги ислуша и ѝ ги исполни нејзините таинствени желби.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Господ на крајот ги ислуша нашите молби.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас бев легната во креветот, таа седната крај мене, во собата беше изгасната светилката, па не можев да ѝ го видам лицето кога ја изговори таа чудна реченица.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Наместо да го каже тоа што секогаш го кажуваше, мајка ми, откако ги ислуша моите редовни поплаки на тема – „неоствареноста на мојата најголема желба”, спокојно изговори: - Бреза, една среда ние двете ќе заминеме за Париз.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А ти, заедно со овие твои Мариовци, ќе отидеш до Прилеп, ќе му го прочиташ ферманот на новиот кадија, што ќе го назначиш, а стариот Арслана ќе ми го доведеш лично мене овде.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Откако ги ислуша и се увери во нивните искрени прикажувања, везирот се обрна кон Арслана: – Ќе наредиш да се напише ферман.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дедо Геро внимателно ги ислуша сѐ што рекоа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сега тој, кога внимателно ги ислуша, сето ова им го објасни.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Трубадурот внимателно ги ислуша неговите зборови. Имаше слушнато многу нешта за Кинг Џејмс.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еден од производите беше новата, свежа шунка наменета за трубадурот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)