ги (зам.) - исече (гл.)

Ги мачкаше ноктите, неисечени и полни кал. Зедов, ѝ ги исеков.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во село сета облека жените сами ја правеа (плетеа, шиеја, ткаеја...) Се случуваше, кога на дедо ќе му сплетеа чорапи (а тие се малку постегнати додека не се исперат еднаш или двапати) да ги земе и да ги стави на патот и со секира да ги исече на парчиња.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сакав да ги исечам ноктите но ме фати страв за плафонот на катот под мене. Истрчав од бањата немочан.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Можев да го опишам Њујорк, распоредот на театрите и големите продавници.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во извесна смисла, тоа беше самоодбрана кога Англичаните тврдеа дека Хичкок се продал за материјалните богатства на Америка, дека ги исекол своите корени и така го уништил својот талент.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Од далеку Одисеј ги предупредува да не брзаат оти баш на гладните рацете најмногу им треперат и можат да си ги исечат прстите, како што му се случи лично нему пред извесно време.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Кога ќе ги исечете дрвата, Тумбица ќе ја израмните како јајце да се стори и ќе ја зарамните да дојде како тепсија рамна, како што се вели по тукашно.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тоа тој ми помогна да ги исечам јаболкниците околу куќата и да ги поставам рефлекторите, тоа тој ги постави стапиците и јамите, во кои запаѓаат ноќните посетители, тоа тој ме снабди со оружје.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со мојата одбрана раководи полковникот. Макар што е во пензија, работата си ја познава.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И се молев така за душата на Писмородецот, а тој ме биеше додека не го уби Бога во мене, и потем рече: „Рацете ќе ти ги исечам ако уште еднаш те видам да сочинуваш од многу нешта едно, цело“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И веќе самиот ќе ги исече, ќе го собере семето во посебно хартииче и ќе започне со јадењето. okno.mk 135
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Штом само се наруча и излезе под покривот по кошула, веднаш ѝ наредува на Гапка да му донесе две дињи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Откако Профим успеа неколку пати да ја премине кришум границата за Албанија и да донесе во селото сол, масло, шеќер и газија, спечали пари и го купи сиот брег; ги израстури меѓите на брегот, ги спои малите парцели во поголеми, испланира кои делови ќе му бидат бавчи, кои лозја, кои дрвја ќе ги исече, а каде нови ќе насади, каде патот ќе го рашири, од каде вода ќе довлечка за сиот брег да го наводнува - зафати да приготвува материјал за да го обгради брегот, да не им дозволи ни на луѓето, ни на селскиот добиток да врви по него без контрола, а и да му олесни еднаш на душата што, ете, сиот брег најпосле ќе го стави в рака.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Цревата ќе ти ги исечам за колбаси, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Борис Калпак воздивна. „Ми го подари Трипун Караѓоз. Се плаши - ќе му ги исече некој прстите и ќе му го земе, како што тој го симна од мртвата рака на злодејот со чалма.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Според преданието, преданијата се секогаш вистина на селанската мака, на спиење ги исекле болните и ги однеле на планина за да ги закопаат под еден крст, веднаш на тоа место да пробие света извор- вода чии капки лекувале очебол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најстариот, оној што на пат носел остар наџак, рекол дека проказата ќе го изеде сето живо месо во селото. Не помагале ни молитви ни лекувања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако се наведнев, ќе видев во тој камен мртви покриви на пусти куќи и зелени трупови на една треска. Отстапив еден чекор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со левата рака, на десната негде и некогаш некој му ги исекол трите прсти, со палецот и показалецот можел само да наденува конец на игла, да крпи јамки на парталосаните беневреци или нешто слично, да ја треби од гниди ленената кошула или да ги суче прудолу ретките мустаќи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ќе ти дадам задача, па да провериме. - одеднаш, брзо – ќе ти ги исечам вените, па ако твојата крв ја оплоди пустинава, а на изникнатите глави заблеска сончевиот сјај, тогаш... - вади пила.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Засади некои марсовски сончогледи во нашиот двор, но бидејќи цел месец беше на пат, а сончогледите израснаа мошне големи, Мама еден ден истрча од куќата и сите ги исече.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој бил само тешко ранет, а Турците на убиените им ги исекле ушите како доказ дека ги убиле.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Чорбаџијата сакаше да ми ги исече мустаќите, сега ти сакаш да ми ги искршиш нозете.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ама ти, брат Арсо, добродушен и...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Во меѓувреме, си ги исече рацете на циркулар, ги стави во вреќата со компирите и нозете на К и ѝ ја испрати назад.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во меѓувреме, си ги исече нозете, ги стави во вреќа со компири и му ги испрати по пошта.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Устата ми беше исушена.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ги замолив да ми дадат ноженце и еден од другарите ми даде, а јас ги исеков врвците на опинците, па ги исфрлив на две страни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Од селото Марена донесоа поп да ме пее, па ми рекоа да не плачам зашто ушите ќе ми ги исече.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не заборавајте да си ги исчистите чевлите, да си ги исечете ноктите, да си ги исчеткате алиштата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)