ги (зам.) - интересира (гл.)

Сфатив, дека овој сој луѓе, не ги интересира некаква идна можна ситуација, ниту се спремни такво нешто да земат предвид, туку ја земаат предвид само непосредната ситуација и непосредната полза.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Затоа е јасно зошто не ги интересира психоанализата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Секоја вечер под дискретната светлина на електричните фенери сѐ поубаво се гледа дека луѓето сѐ помалку гледаат слики и фрески, а сѐ повеќе висат пред огледала, поради што сѐ повеќе и расте бројот на огледалата во Венеција, барабар со бројот на самобендисаните.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
А самобендисаните во Венеција не ги интересира, на пример, како се чуваат спомените на Вивалди, тие си мислат дека Ла Фениче е обновена од пожарот за да има каде навечер да си чепкаат во носовите и да си ги негуваат навиките од детството.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Артистите, кои ги интересира само нивната улога, се разбира дека го немаат целото дело туку само страниците каде што е нивниот лик.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ги интересира планинава, Селиште и којзнае уште што.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нив, пред сѐ, ги интересира дали дрогите можат да ги поттикнат креативните потенцијали и да го збогатат творештвото со нови теми и содржини.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Па,сепак, неговата приказна, онаа што толку многу ги интересираше жителите на Потковицата, за него и за мајка му Благуна, брзо се расчу.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На своите осамени обиколки на синорот беше стигнал да се зближи некако со говедарката Ристана Голушкоска со син ѝ Димко Силистарко, па тие, не без сочувство за нивните страдања во туѓа земја и меѓу туѓинци, брзо ја разнесоа низ Потковицата: Додека бил Видан малечко и додека мајка му можела да работи, го водела со себе по белградските господарски куќи за да ѝ помага.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но таа, верата, не ги интересира нив, грчките попишта; сакаат да ги држат Славјаните во своја духовна власт, да ги погрчат и тие да ги собираат даровите и парите што ги даваат верниците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ова уште повеќе доаѓа до израз, ако терапевтот ги вклучува клиентите во разговор за причините што некои од идеите кои се јавуваат за време на интервјуто ги интересираат повеќе од некои други идеи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Потврдено е дека искуствата на клиентите за терапијата имаат суштинско значење за нејзино водење, и дека тоа е единствениот начин на кој терапевтот може да знае кој вид на тераписка интеракција може да помогне а кој не.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А како што одминува времето, некои жени може и да си дозволат да се подучуваат за динамиката на гледачката иронија и за играта на идентификациите/деидентификациите преку гледачките практики на геј-мажите, кои од неодамна станале толку пробивни и толку нашироко привлечни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, нив, како што е истакнато во почетокот, далеку повеќе ги интересирало да ја сфатат практичната страна на тие теории отколку поопширно да навлезат во нивната суштина како теорија на определени општествени движења.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Гемиџиите не се труделе да навлезат во суштината на анархизмот како филозофска концепција; нив најмногу ги интересирала и привлекувала практичната страна на ова учење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мислам дека Allan Bloom не згрешил кога, очигледно разочаран, запишал: “Студентите можеби не ги интересираат книгите, но затоа okno.mk | Margina #32-33 [1996] 98 се најдлабоко приврзани на музиката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Борхес треба“, пишува тој, „да се чита со очекувања поблиски до очекувањата на луѓето што се интересираат за Волтеровата conte philisophique отколку оние кои ги интересира романот на 19-иот век.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И додава: „Тој, меѓутоа, се разликува од своите претходници од 18-иот век по тоа што предмет на неговите раскази е создавање на самиот стил...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ништо не е покарактеристично за оваа генерација од нејзината зависност од музиката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ова е доба на музиката и на душевните состојби што ја придружуваат.” (Bloom, 68) Можам да разберам кога Camille Paglia признава дека “искрена и неприкриена е мојата завист кон музичарот кој е способен да влијае на публиката со таква чувствена непосредност и предрационална манипулација на нервите” (Paglia, 60).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговите раскази се за стилот со кој се напишани.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И други критичари ја потврдиле неговата врзаност не за светот на стварното искуство туку за светот на интелектуални пропозиции.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
86. За нив човештвото има поголемо значење од Бугарија и затоа повеќе ги интересираат нив Швајцарија, Соединетите Американски Држави и нивната историја, отколку Бугарија со нејзините национални интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Освен политика, ги интересираат и други работи“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Му рече ли лош збор - полош ќе ти врати; црната: ниту сака да те сретне, ниту сака да разговара со тебе; пред очите му е темно; сѐ на светот му е виновно; мудри се, знаат многу, со очи, со поглед можат да дознаат сѐ: кој си, што си, колку тежиш и што сакаш да речеш; во разговор со нив секогаш чувствуваш: меѓу тебе и нив голема далечина; не се напрегаат сѐ да чујат и разберат; на проклетството и на болот му робуваат; лилавата (јоргованлијата); постојано си потпевнуваат во себе или гласно: и во одење, и во работа и во кревет; во устата, на ушето или во малото џепче од палтото носат цветче - за салтанет; на секоја веселба први запoчнуваат да пеат; што било вчера, што било денеска, што ќе биде утре - не ги интересира; кога смируваат скарани, не сакаат многу муабети; на скараните ќе им речат: ајде чукнете се со чашките, оти главата ќе ви ја чукнеме; те фалат, те гушкаат, но сето тоа го прават без мерка; последни од кафеаната се прибираат дома; сивата: многу пребираат, џимрии во јадење, во купување, во облекување; надвор ако врне - продолжуваат по цел ден да спијат; од добиток не држат ништо, или сосем малку; за сѐ, па дури и нешто на милост да речат - колнат; клетвите им се помошни зборови со кои полесно се изразуваат; повеќето се тенкоусти, палени на збор, на јазик; кога е студено - мајката на господа му ја караат, кога е жешко - исто така; на гости, по свадби, од иста чаша или сафа не пијат; дома на прагот од куќата те пречекуваат држејќи ја вратата недоотворена; очите секогаш им се готови да те погледат напоречки, да те мунѕосаат; портокаловата: лични луѓе, секој сака од нивната куќа невеста да земе; кога врват девојките и невестите низ селото - како сонце да врви, сè пука на нив од здравотија, од личнотија; коњ аздисан скротуваат, пукнуваат; таа убавина, таа здрава јатка во нив ги држи до триесеттата година; по неа - одеднаш како зрел плод се што не може многу да држи, свенува, се олошува, се распаѓа; од никого лош збор не се слуша; благи и кротки и во очите и во лицето и во зборот; старичките чисто-пречисто се носат, мирисаат на мискинсапун, на калофер, но не доживуваат длабока старост; прават куќи понастрана од другите, истакнати, видливи; добиците им врват низ посебен влез за во кералот, не низ дворот да им го балегат и гнасат; кога крштеваат дете, врват низ селото како кралска процесија, како крал да се крунисува; ако седиш со нив, имаат моќ да те маѓепсаат, да те стават под влијание, да те владеат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Видете, госпоѓо, ми фали развод од таа од Србија, додуша тоа веќе не е Србија, повеќе е Косово“, ми се развикува работничката на шалтерот додека цел ходник ја слуша во чудо и живо ги интересира која сум јас по ред во низата, а и нервозни се веќе од чекање, па цупкаат во место и ц’цкаат со заби, желни за уште информации за мажот - чудо.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јужнословенските националистички писатели и мислители, пак, знаат дека на овој начин (служејќи ѝ на вистината) не може да се достигне статусот на „угледен национален писател”, што е единствениот статус што нив ги интересира.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа се тие патријархални „компетенции” што ни порачуваат дека нив не ги интересира историскиот живот на народот кој се развива правно, економски, културно, кибернетички, кој ја рационализира својата природа и во една цивилна општествена форма ги испитува одредува причините и последиците на своето историско постоење.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тука може да видите заљубени парови, се држат за раце, испружени преку масичките со очи вперени еден кон друг како да постојат само за себе, не се ѕверат наоколу, ништо не ги интересира, само нивната љубов.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Овде е друго. Пешаците ништо не ги интересира и проаѓаат на пешачки без уопште да се завртат.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Нив ги интересира профитот, оплодувањето на нивниот капитал.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Обично кога си иде човек од пазар го запираат луѓето и го заговаруваат да им каже што ги интересира: како поминал на пазарот, како го продал имањето ако терал, скапија – евтинија...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Толку за муабетот на овие двајца Првпат отворам уста за туѓи муабети Ама како што гледате во нив нема ни грам политика А признајте дека убаво е да се муабети за згодни ножиња и газиња И дека таквите муабети не ги интересираат тајните агенти
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Не што не ги интересираат муабетите ами и не ги бидува Тајните агенти за жени со газиња како пропелери Оставете го тоа што го гледате по филмовите Тоа е само заради уметничкиот впечаток или е гола пропаганда И запомнете дека зад секој успешен таен агент Не стои жена со згодни нозе и газе како пропелер
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Не ги интересира ти што си направил зашто и нема што да те прашуваат, осуден си веќе, се знае за што, туку те прашуваат кој што рекол во ќелијата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кое куче е подобро: галеното и хранетото или она што живее само на грутка! Србина и Шишмана сето тоа не ги интересираше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Братучедите тоа не ги интересираше. Само кога мораа, се преправаа дека нешто прават.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Моите господари и самите ми укажуваа (се правдав пред тој Никола Леко) дека не ги интересираат моите интимни размислувања; дека од мене не бараат никакви предавства, дури ни самоинцијативи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но, ти одбра да те заседнат во градината на Бари и Рози, со подадени дланки, но без кошничка со овошје врз нив. Па, и што ќе ти е таа?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Само тоа ги интересира – кај мрднал претседателот, кај прднал министерот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А. Денет: Претходно зборувавте за моќта на бојата, нејзините асоцијации со проституцијата, нејзината способност да шокира.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Многу сум скептичен во поглед на тоа дека таа може многу нешта да промени.  К: Повеќето од луѓето со кои сум разговарал а кои ги интересира Кристијановата музика продолжуваат да се интересираат за неа, како и јас, но не поради неговите политички убедувања, туку заради самата музика. okno.mk | Margina #10 [1995] 55  К: Причината поради која толку многу пишувам е таа да се обидам да ги убедам луѓето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сѐ уште сте против идејата музиката да се употреби како преносник на идеи и...  К: Не ми се допаѓа таквата употреба на музиката, како што не ми се допаѓа ниту употребата на уметноста во рекламните огласи... тоа е став за музиката кој потсеќа на Авенијата Медисон...  Б: Можеби, но можеби може... да речеме дека музиката е нешто што ги интересира поголем број луѓе и таа може да влијае на нив.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Нив ги интересира непријателството, негативните елементи.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Се чинеше дека ги интересира Јужна Америка и некое време разговаравме за индијанците.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Жана, ти си инженер по шумарство и хортикултура, речи им на учениците што ги интересира, додека да го разгледаат теренот. Бидете експедитивни - само десет минути!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Нив ги интересира феноменот на киберпанкот, но, многу се внимателни со било чии теории и тврдења.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)