ги (зам.) - изџвака (гл.)

Сам за себе си мрмореше и си мислеше како е подобро овде на раат да си ги изџвака залаците отколку дома да ги голта под надзор на неговата воинствена мајка. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Брзо ги изџвакавме нашите сендвичи и излеговме надвор.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
За да го замолчи, Горда му ја полнеше устата со крупни залаци и Грдан не стасуваше не само да ги изџвака туку ни збор да прозбори.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Скина неколку широки, зелени ливчиња, му подаде едно на Денко, а другите ги изџвака. - Пробај и ти! - рече.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Леле, ако Фрањо ми се пикнал во цртежите и ако ми ги изџвакал!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За миг бевме опкружени со стотици нејзини цртежи со кои беа преполнети поличките во нејзината соба, и таа забрзано пребаруваше по нив, очигледно вознемирена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)