ги (зам.) - изнајде (гл.)

А тогаш наведнат, со пушката преку рамо, во која останаа само уште два неубоити фишека, што ги изнајде на дното од пазуварката и ги стави за секој случај, преклонето зачекори надолу по широката трага, свесен дека го надмудрија, дека го исплашија, дека го маѓепсаа така, за веќе ни еднаш во скоро време ни да не помисли на лов на самјаци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одев од едно на друго место, со цел да ги изнајдам горилата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дури некогаш доцна тие ги изнајдоа во себе и зборовите и прво прошепнаа по нешто тивко и скришно само за себе, додека по подот си играше одблесокот од вратничката на разгорената печка, која баботеше и потплуснуваше со металот што се усвитува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги изнајде и трпките преболености на сите болки во своето отпуштено тело; ги изнајде и сите истрпнати морници по својата кожа, а ја најде и таа лабава апсолутна отпуштеност во сите свои делови, во која не постоеше ни најмалечка желба за да се направи ниедно, ни најмалечко движење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бил мајстор да ги изнајдува скриените пушки по сите шупливи ѕидови на скривниците, по бунарите, тоа сите му го признавале, но тој сè поретко заборавал на жените, кои често ги „сослушувал“ во својата канцеларија со теренски кревет и со стражар пред вратата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- А во овој пустош и во овој отворен предел смртта не ги изнајде јунаците?
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Постоја малку и со погледот лесно ги изнајде неколкуте шпели, за кои знаеше на таа угорница, некаде на нејзината горна половина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)