ги (зам.) - измеша (гл.)

При градењето на Вавилонската кула, Господ бил тој што ја одредил и мерката и казната. Ги измешал јазиците на луѓето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Инаку се и големи талкачи; талкаат со говеда, со овците, низ полето, ливаѓето и по ридовите; талкаат, ловат и риболоват, во Црна, во мртвиците, во Блатото,а поледелието и сточарството, иако им врват одлично, повеќе ги сметаат за нужности на поминокот и поводи за празненства, дедека становниците на Градиште, судејќи според она што останало по нив за да сведочи за нив, кованите пари, керамиката, разните украсни предмети од железо и преданијата, кои сегашниве жители на Потковицата, чувајќи ги и пренесувајќи ги од колено на колено, ги измешале до непрепознатливост, морале да бидат воини и инородци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некој ги измешал сезоните и ни праќа топлина место студенило.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се сетив на оној збор - сенилен - и си реков: мора да ги измешал работите во главата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Планинското езеро веруваше дека љубовта доаѓа пред да ги измеша април снежните ветришта со твоите румени прсти.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Беше мајстор да ги измеша конците па да не умееш од измешаното ни крајот да го пронајдеш, ако веќе не можеш да го пронајдеш почетокот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Суџуците таа самата со голем мерак ги подготви за инает на новиот Музафер-ага, ги измеша со јунешко месо и со разни мирудии, и откога ги исуши им даваше на децата да грицкаат сув суџук, за да не ги издаде миризбата при пржењето.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)