ги (зам.) - издава (гл.)

Искрите во очите ти ги издава месечевата светлина, ја чувствувам твојата топлина.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Под паразити се подразбираат и оние лапачи кои на овој или оној начин имаат лапнато по 2- 3 стана и дуќани и истите тие ги издаваат под кирија уживајќи во животот и пиејќи кафе во Градскиот трговски центар.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Стариот скопјанец кој станал член на комунистичката партија и за Титово време лапнал муфте стан, а шупата ја продал на градежен инвеститор па воедно лапнуе уште 3 стана за возврат кои денес ги издава под кирија на провинцијалските студенти.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Стаклото ги издава само подивените, распукани костени што се растрчале по тротоарот како раздвоени замусавени близнаци.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мојата роднина Емилија тврдеше дека се тоа каталози на исчезнатите бродови што секоја година ги издава трстјански Лојд, но кога ние ќе влезевме во берберницата, врз таа загадочна литература се најдуваа бргу решени крстозбори од енигматските списанија или замастени фотографии од порнографски ревии.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Вечерта го однесе во старата куќа со триста чардачиња и со меѓувраќе со чкрткави подови и со миризба на тафтабити, каде што имаше собичка тој, а жената, што ги издаваше собите, го прими на стан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
ЗТПОК вклучи и одредба која предвидуваше дивидендата од акциите, односно уделите што претпријатието ги издава и ги пренесува на Агенцијата, средствата што ќе се остварат со продажба на објектите од општествениот стандард (одморалишта, рекреативни центри и слично), како и дел од средствата чија распределба е утврдена со овој закон, да се користат за обезбедување на правата и за создавање можности за вработување на работниците кои ќе останат без работа заради сопственичката трансформација.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сега, сите акции кои ги издава претпријатието се обични, со тоа што ЗТПОК вклучи одредби во кои се предвиде можност за купување на акции под повластени услови, а која можност им се дава на работниците вработени во претпријатието, на лица кои претходно работеле во претпријатието и на пензионираните работници од тоа претпријатие (чл. 25).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Исто така, со ЗТПОК се прецизира дека под повластени услови можат да се купат најмногу 30% од вредноста на акциите, односно уделите 5 што ги издава претпријатието што се трансформира (чл. 26).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Заради забрзување на дивелопментот во таа насока, тој на брезничани им препорача да ги изнесуваат на сред село своите гостински маси и на проматарите да им ги издаваат под наем.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мало беше и прозорчето низ кое Мајка ги примаше парите и ги издаваше билетите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Смит, јас тука ги издавам наредбите!“ „Да, капетане.“ „Еј, вие таму од патролата! Дали гледате нешто?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)