ги (зам.) - извалка (гл.)

Како напуштено дете во лулка од својата мајка... што може? - да измокри и да ги извалка гаќичките... ете ,тоа сте вие, вие што плукате по нашиот чист образ по нашето достоинство, по нашата историја по нашето минато, сегашност и иднина...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Убавите спомени никој не посакува да ги извалка со неразумни постапки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не сум јас толку засенет колку што ме сметаат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и панталоните си ги извалка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Врзани, по двајца за раце и за гуши, со по една дебела ортома, овие клетници како да исчекуваа „да си поминат на редот" секој ден, та дури не се противеа кога гавазите им наредуваа да легнат и да се разголат за да не им ги извалка алиштата црната крв што прскаше од нивните меса.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само ти гледај во твоето марширање да не си ги извалкаш чизмите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)