ги (зам.) - згрее (гл.)

Ние мисирчето го чувавме за празник, со чорбичка децата да ги згрееме, со мевце гости да пречекаме.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се завив убаво со дебелата гуна за да ги згреам намокрените плеќи.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Не беше вистинско кафе, беше направено од некои бобинки што растеа на лединките над градот и се продаваше за паричка по филџан, колку да им ги згрее утробите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сонцето му треба на славејчето да пее, сонцето треба и бубачките да ги згрее, сонцето им треба на нивите, на сливите, на смреките, на реките, на ливадите, на зградите, на прозорците, на луѓе, птици, елки и борови, по шуми, полиња, долови и дворови.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ништо не е совршено. Оној што очекуваше помеѓу замрзнатите водоскоци да прошета април па да го засади над ноќната градина зимурливиот божилак замина кај саканата да си ги згрее рацете.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
„А зошто те викал“, продолжувам да испрашувам. „Донеси еден леѓен топла вода“, вели, „да си ги згреам нозете.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)