ги (зам.) - зближи (гл.)

Ритуалот ги зближува унесреќените – земјотресот беше настан од блиската, заедничка митска повест што ја храни колективната фантазија...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Први се Коста и Атина Папастојку — тој е без една нога, а таа без една рака, и тоа ги зближило.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И едниот и другиот Онисифор темно гледале, обајцата имале долги раце и арамиски тврди чела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можело да се поверува дека само омразата ги зближува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Требаше да биде напишана страница која ќе ги зближува луѓето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но никој не сфаќаше оти татко ми и Чанга, всушност, ги зближија козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Можеби признавањето на обратните различни пропусти во животот многу нив ги зближи...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Само такви можеа толку да се зближат и да го одржат толку отворено и актуелно козјото прашање, да ги зближат толку силно овие различни луѓе на Балканот, во што не успеваа верите и идеологиите на сите изминати империи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Што можело да ги зближи толку многу овие двајца, пред сѐ непартијци, придојдени во градот, едниот со универзитетско образование, а другиот неписмен козар?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Козјото прашање уште повеќе ги зближи татка и Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нивните карактери некако се дополнуваа, па брзо ги зближија. Станаа блиски пријатели, неразделни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Имаше опасност, според нивните согледби, козите да ги зближат „спротивставените класи“: занаетчиите и работниците, приватниците и службениците, верниците и комунистите, поразените и победниците.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И ова Езеро се најде пред нивните животи да ги поврзе, да ги зближи во силно пријателство.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И ете, обајцата ги зближи и им го прошири пријателството, заедничкиот култ кон јагулите и нивниот кружен пат околу планетата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Зарем не беше сличната емигрантска судбина што ги зближи, а потоа заедничката приврзаност кон Езерото и патот на јагулите?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тие се зближија до братимење. Ги зближи заедничката фуга на големото страдање, пластена во длабините на душата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А другиот дел на истото семејство, на кое бездруго и јас бев далечен потомок, низ многу, многу генерации остана небаре да вечнее крај морскиот брег со довикот кон своите, на другиот брег, со надеж дека судбината еден ден повторно ќе ги зближи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
XX Исчезнувањето на Игора Лозински, уште повеќе ги зближи Татко и Цветана Горски.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)