ги (зам.) - зачуди (гл.)

Најљубезни браќа! - така започнува мојот филозоф, - почитувајќи ја вашата благородна ревност да изгледате паметни пред јавноста, а во исто време, да ја сочувате наследената неукост, јас се нафатив да ви бидам од корист и да го изнесам начинот погоден за денешното воспитување, начин достоен за завист - да изгледаш паметен без ниту капка памет.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Овој рог на изоблиството и на слободата можеше само да ги зачуди, но потоа и да ги иритира одговорните локални политички раководители.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ги зачуди и Дедомразовите живи очи, иако неговото срце, подзапалено од симпатијата, во одредени моменти знаеше да се соземе, да падне на земја смирувајќи ја топката огнена што удира во мирните вијуги на неговиот мозок.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тоа сите ги зачуди.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Скоро, што братучедите малку ги зачуди, наместо оние двајца, излезе некој трет, им завреви нешто, ги истурка кон чардакот над тремот од племната.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Забележа дека стрражарот во дворот го нема. Тоа ги зачуди.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Оваа намера ќе ги зачуди намуртените читатели и филозофи; можеби, и вие ќе ја сметате намерата за делумно чудна почитувајќи ја старата поговорка: Науката е светлина, неукоста е мрак.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)