ги (зам.) - зацврсти (гл.)

Откако се скараа Тито и Сталин, а Југославија беше исфрлена од Варшавскиот пакт, и нашата родна Албанија си се задолжи самата, но и за да му се додвори на големиот брат Сталин, кој не исклучуваше и напад врз Југославија, уште посилно да ги зацврсти границите, особено кон „југословенските ревизионистички одметници”.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Изолационистите, спротивно, тврделе дека Хитлер никогаш не ќе може да ги зацврсти своите победи и заземени територии, па дури тој и да победи ќе може со него да се направи договор, но во никој случај, според нив, САД нема да дојдат во опасност да бидат нападнати.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓу припадниците на изолационистите, иако меѓу нив имало и доста чесни и патриотски настроени Американци, свое место нашле и го подржувале Комитетот и извесен број реакционерни елементи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Царот Персеј до 171 г.пне. успеал да ги зацврсти македонските граници на север и во централна Тракија, и да создаде армија од 30.000 Македонци и 10.000 платеници Во овој период односите со Рим се одвивале во рамките на потпишаниот договор за мир од 196 г.пне.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ја колнат реката, но пак од неа не се делат, не бегаат: ги поправаат одново оградите од дворовите, ги подѕидуваат излоканите плитари, ги зацврстуваат, го подѕидуваат коритото, прават нови мостиња и одново започнуваат борба со неа кога ќе надојде.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Читав: „До уважениот везир, славниот мушир уредувач на светот, предострожен управител на општествените работи со прониклив ум, извршител на народните работи со правилен суд, градител на темелите на господство и среќа, кој ги зацврстува столбовите на среќата и сјајот, окружен со милоста на севишниот владател, до муширот на Румелискиот ејалет, мојот везир Ахмед Мулаим-паша - севишниот бог да му го продолжи господството, и до одличниот правник меѓу наибите, наибот на Монастирската каза - да му се умножи знаењето, кога ќе стигне високиов царски знак, нека се знае: Во бовчата за џезието во Монастирската каза отсекогаш имало по 98 листови од горна категорија, 950 од средна и 162 од долна категорија, вкупно 1112 листови на џизието, што се распоредувале на рајата, населена во споменатата каза, и нивниот износ се собирал од споменатата раја по утврдена процена.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)