ги (зам.) - затрупа (гл.)

Снежните наноси биле толку длабоки што ги затрупале клисурите и тогаш планините ги изгубиле своите вообичаени форми.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Исто онака како пред триста години што ги затрупа седумдесет и двата рудара од Мрежичко кога им вадеа злато на тиквешките бегови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го пуштиле кусо фитилот на мината и ги преварил експлозивот, та ги затрупа стената.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие што ги зафатил на отворено, ги затрупал, ги јагленосал.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Поради тагата што те обзела, емоциите во бескрајот на твоето небо, каде што ќе пропаднат во длабочината на твоите таинства, ќе успееш да ги затрупаш сегашните расположби.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)