ги (зам.) - заспива (гл.)

Така би и во таа темна ноќ кога душата беше претворена во светлина за да го осветлува патот на сина си до границата која го сечеше Езерото на неколку километри од гратчето Подградец Бабата своите внуци, кои сега се оддалечуваа засекогаш од неа со малиот чун во судбинската ноќ на својот живот, ги заспиваше со прикаски и легенди поврзани со блиското Езеро, чии бранови често допираа и до бреговите на нашите соништа, ги вознемируваа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Децата на Дора беа постојано со неа, иако никој друг освен неа не успеваше да ги види.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бабата Тода ги заспиваше сите девојчиња и Јована со песна на уста и солзи по образи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа им раскажуваше приказни, ги хранеше, ги водеше на прошетки, ги заспиваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа како ритуал го гледав секое утро зашто како вампир сите ги заспивам, а потоа прва се будам и бидејќи сум сама, им берам гајле на сите де, нели!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)