ги (зам.) - засака (гл.)

Што лошо ти стори кучето... Зарем не ги засака кучињата во Пансионот; зошто да му ја земеш душата кога не си му ја дал, проклетнику...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Јас, исушен, љубимец на вековите, ги засакав сите добрини и зла и сета жилавост на оваа голотија крај мене сум ја исцицал.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Кога ги видела за првпат тие деца за кои толку долго мислела, сфатила дека мое да ги засака.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И таткото на тие деца како да сфатил дека токму таа жена ќе може да се грижи за нив, да ги засака.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сепак некоја идна капетанова ќерка повторно да повторно ќе ги засака огреаните тела на непостоечката дивина... едно пливачко попладне или дали еволутивниот премин од водата кон копното претходно подразбира ист таков напреден чекор во спротивна насока ...влези во водата зарем не гледаш дека крвариш се насмевнува тате секогаш во право потрчај кон лековитите бранови нурни се јас со силното татковско тело ќе те дочекам ќе те сочувам од рефлекторите го намокрувам стапалото поспано ме допираат водените стопрсти мојата црвена крв потечува низ нивните сината низ моите вени нагоре над коленото толку лесно не боли тато пази на сѐ риба сум малечка засолнета во устата на таткото поаѓаме по топлите струи кон југ кон југ кон југ... но што сега се насмевнува ако те исфрлам од утробата до кога ќе се сокриваш во мене до кога ќе бидеш глува слепа ме турка ме истуркува од себе немој врескам тој немилосрден е немилосрден е ме протерува пливај сама нуркај сама храни се сама љуби сама греши сама сама сама... повторно на брегот на карпите со сонцето на влажниот стомак го чекам да се врати од водите од подводните пештери да ми ја залеп левата шака на старото место потполно сочувана сите живци капилари мускулчиња секое движење стисок допир само тате да плукне на раната ќе се врати отсечената шака пак ќе су негова негова негова негова негова...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
И никој не може да ги засака оние кои се вљубени во него, ниту да ги придобие оние кои го мразат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Учителот откако ги откри овие самотници во планината, ги засака како свои, одеше таму трипати во годината и им носеше топла облека, храна, шеќер и сол.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ги засакав со сите разлики, противречности, кои од секогаш ги делат, но не ги доделуваат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ги засакав овие луѓе, како водените билки, сите животи во и околу Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но засакувајќи ја неа, ги засака и птиците.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)