ги (зам.) - зароби (гл.)

Додајте го суперсоничниот звук на Трент Рензор од рок-групата Nine Inch Nails, добро промешајте, притиснете го прекинувачот и останете назад.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Такви какви што се, Мики и Мелори им се потребни на тројца луѓе: Бесчувствителниот детектив (Tom Sizemore) се надева дека ќе ги зароби овие никаквеци и можеби ќе напише бестселер за нив.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таблоидниот ТВ-репортер (Robert Downey Jr.) смислува дека може да ги експлоатира експлоататорите, претворајќи ги во медиумски галеничиња.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Реши на крајот да се предаде со заробените заемки во жолтиот нотес и другите дефтери.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше очигледно дека тој не можеше да ги опфати сите, да ги зароби главните водачи во својот жолт нотес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со неа ќе ја откријам лирата со која Ахилес им пееше на своите војници; со неа просторите ќе ги заробам во време и како граница меѓу столетијата ќе ја оставам својата надеж во која – сѐ понатаму ќе се пресоздава и множи; со неа јас ќе одминувам и ќе се враќам во ѕвездите; необјаснивите знаци на луњите и на пустошот, низ надежта ќе ги пресоздадам во тајнопис кој како жесток призив: мртвите ќе ги гледа живи – живите мртви а татковината во мртвите ќе чита свое спасоносно писмо. ***
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
И сите казни ги истрпува и останува ист: непомирлив, груб кон чувари и кон затвореници и попушта апсаната полека но сигурно и Џемал-ага ги заробува душите на управници и апсанџии.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зошто ли ги заробуваат нашите, самиот не знам.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Си ги згоивте газиштата, вошки ниедни, тука, во албанското, а сега потуркајте малку, - си велеше Коста во себе и го фаќаше бес, гледајќи ги онака испотени како се бришат со бели шамичиња.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Некоја женичка стигнува до него да ѝ напише адреса на латиница на плико, други пак, кои постојано испуштаат зборови преку своите муцки а тој ги заробува на хартија за да можат да прескокнат граници, мориња или океани.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Почетниот заплет на филмот е во следново: Да ги зароби руските шпиони по кои трага, CIA го измислува својот непостоечки агент по име George Kaplan, за него резервира хотелска соба и возни билети, ја дава облеката на чистење, нарачува телефонски разговори и т.н., за руските шпиони, од кои никој не го видел, да поверуваат во неговото постоење.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Ќе им го земат оружјето, ќе ги заробат и како робијаши ќе ги пратат да работат во Германија.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)