ги (зам.) - зарамни (гл.)

Тие денови зимата фати доста рано: нејзиното идење го закобија дивите патки и норчињата што како црни облаци го прекрија езерото; маглите започнаа сè пониско да слегуваат, да лежат на земјата и куќите како лоша болештина; со влегувањето на новата месечина клапна и снегот и го покри сето село, ги зарамни нивјето недоугарени, ги покри недокренатите капици со пченка, ги покри сите ѓубришта останати од есента: лепешки, комина од казаните, пцовисани гадурии и сметови по бавчите и дворовите, му стави на езерото бела јака и уште повеќе му го оцрта и истакна неговото синило како штотуку истурено мастило; добитокот мука зацапан во снегот како во пенливо море, кикирикаат и кокошките заглавени во снегот и прпкаат со крилјата не можејќи да летнат како да се фатени во смола; ријат кучињата со муцките низ снегот, го цепат и го враздат просторот како подземни кртови.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не остана ништо у човека - над најгрдото виши и провалиите ги зарамни и бездните и реките ги доскапчи камен црн гол камен.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Снегот паѓаше толку брзо и лакомо што ги зарамни патиштата и изнафрла високи соспи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Језекил го повика малтерџијата да му донесе бетон, беше сам на таа височина, ѕидарите крај него беа ги зарамниле своите редови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не остана ништо у човека над најгрдото виши и провалиите ги зарамни и бездните и реките ги доскапчи камен гол црн камен!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)