ги (зам.) - запре (гл.)

„Интересно е колку владите, не само тука, туку насекаде во светот, се неспособни да ги запрат луѓето отворено да користат огромни количини недозволени дроги“, вели тој.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Наскоро, се смее Сандерс, оние што не пробале ќе бидат девијантните, статистички кажано.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Татко ми ги запре: – Чекајте, деца мои, смирете се, да почекаме, не излегувајте први!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Колку што сакаа поради „вишите интереси на пар­ти­јата” да ги запрат него и козите, толку сакаа, интимно, Чанга со козите да остане, зашто и тие, партијата, властите, имаа голема полза од него.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Стигнале и Османлиите. Се утврдиле во нашиов град, тука да векуваат, а продолжиле кон Европа, ги запреле пред вратите на Виена.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Почекајте малку! - рече стражарот. - Треба да ве пријавам кај управникот на затворот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Старецот го грабна писмото и отиде кај турските власти да ги замоли да ги запрат потерите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ако сакаш жив да го видиш син ти, разговарај со турската власт да ги запре потерите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ѕвездите трепереа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Парите не се како пљачка или грабеж.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој ги запре и праша: - Што сакате?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
__ 27) меризување - пладнување, одморање, 28) ѓаур - христијанин, неверник, 29) ефендија - господин
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Како претстава која се одигрува на некоја сцена, караѓоз, сенки, не можеш да дофатиш ни кој каде оди, ни од каде доаѓа, се движат, а ги нема, не можеш да ги запреш, да ги допреш и да проговориш.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А ми се чинеше дека немам сила да ги запрам, да ги вратам во темнината на нивниот принуден престој, дури не ни го сакав тоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Затоа јас мислев свадбата да биде побрзо, но стариот остана на своето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ги затвори очите и ја почувствува нежната кожа и свежата полнота на неговите усни врз своите и едно смирување кое ѝ ги запре солзите, но предизвика и наплив на страст што ја тера да му ја префрли раката преку вратот и да ги стисне усните посилно до неговите, како толку силно да чувствува дека се создадени еден за друг што ѝ се чини дека, онака меѓусебно предадени, со усните што не сакаат да се одвојат, во свежата ноќ дишат заедно давајќи си еден на друг здив и нежност без која веќе не ќе можат да издржат, ни таа, ни тој.  И навистина, што јас сум врзала човек не одвоил.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Бузо ги запре неговите да не преземаат ништо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На Питу Гулевите востаници им се паѓаше најтешка и најсвета задача: да ги запрат султанските орди и да не им дозволат да го пречекорат прагот на слободата, прагот на Крушевската Република - првата република на Балканот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Новиот бран разговори, кој идеше незапирливо од нивните души, ги запре уште еднаш, пред конечно да се разделат.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ни тоа не е малку, газењето низ таков снег е вистински подвиг, но знаеше дека таквиот снег нема да ги запре татко му и дедо му за ден-два да дојдат до колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Седна на каменот, ја симна пушката од рамена, ја стави в скут и се загледа во полицајците, кои, иако се правеа осилени, стоеја настрана од народот, тројцата на купче собрани, и уплашено се ѕвереа на сите страни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Крупни, црни, со жолт отсјај, очите ги запре на Софронија, се чинеше дека ги проучува мените на неговото лице, дека во нив бара потврда за тоа како било разбрано и до каде допрело неговото зборување.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тука Крсте Јанчески ги запре луѓето; Одовде, рече, се гледа Црн Камен, а ако е за да убие таа некого, доста се овие деветмина што ѝ ги испративме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кузман ги запре со глава: им влеа тој храброст и веднашка гласник ни прати — в борба не викаше.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
А знаев, зад тој рид има повисок што пак ќе ѝ ги запре очите на Билјана.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И скришум ја топи перницата со солзи и нема сили да ги запре.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го зеде за раце, го извади надвор да го шета, но татко му Маруш ги пречека, ги запре, го врати Висара во собата и им рече дека тој што го отепале не бил Зенула туку некој друг качак.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Одиш, одиш така, дее, ајс, отсебо, дее, па после охаа, ќе свика некој од војниците, од комората. И ќе ги запре воловите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сакам да ги запрам, а тие се понастрана ми стојат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И не знаеш како да се браниш, вели, дали да ѝ ги нашнеш кучињата, или да ги запреш да не лаат. 109
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ги запреле колите, ги отспрегнале коњите и седнале да ме гледаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе изгинете, децата ќе ви останат сирачиња. Мајко Минадора, кажи им.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Жени, викала игуменијата и ги ширела рацете да ги запре.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Леме, - рече исто така пријателски, како малечко кученце ме погали по косата, ми ги запре солзите што сами ми дојдоа на очи, рече:-Леме. брату мој!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Да ги запрам водите, се насмевнуваше потоа осаменоста на Отец Симеон од ќошот на собата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Воздухот му продираше во белите дробови и повторно излегуваше заедно со длабоките стенкања што не можеше да ги запре ни стегањето на забите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кој може да ги запре па да не се диплат и раздиплуваат?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Марија, преправајќи се дека спие, не можеше да ги запре солзите.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тешко ѝ е што солзите ѝ ги гледа мајка ѝ, ама не може да ги запре.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Таму, пред портата, ги запре стражар.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Дрварите ги запреа коњите и застанаа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Конечно, зеленото се запали. Едно по едно, возилата во колоната се придвижија бавно, со подзастанување, но пред таксито да стигне до раскрсницата, неумоливото црвено повторно ги запре.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но постојат и таканаречени надворешни услови што дејствуваат врз таа енергија.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Зашто ако тоа не истрчаше напред да ги запре кучето и Германците, ќе бевме опколени и фатени живи.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Го масакрирале и добитокот и селаните кои се обиделе да ги запрат.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Го немаше татко ми, со големо искуство во нереализираните илузии во животот, за да ги запре моите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
До крајот на есента се случија уште неколку работи за кои Егејците не можеа да најдат објаснување: Господ цела недела не си ги запре солзите и не само што се наполни коритото на Вардар, туку и сите улици, плоштади и подруми до железничкиот насип.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А знаев, зад тој рид има повисок што пак ќе ѝ ги запре очите на Билјана.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)