ги (зам.) - заплени (гл.)

Стилот го менува во пореалистичен и конструктивистички јасен. 1937 паѓа во немилост на националсоцијалистите, сликите делумно му ги запленуваат, делумно уништуваат, но нема забрана да слика.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Така, утредента по атентатите, полицијата почнала да врши претреси и да им ги запленува документите на овие трговци во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Светот е во него, во неговите мисли и чувствувања, полн и бучен што му ги запленил сите сетила и ги оттуѓил од тоа што е навистина стварно пред неговиот поглед.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)