ги (зам.) - заклучи (гл.)

Забележав дека воопшто не бев вознемирен кога открив дека по нашиот грабеж столовите пред спомнатата кафеана ја доживеаја тажната судбина на заточеници врзани со долг синџир што дежурниот келнер некаде по полноќ го спротнуваше од потпирка до потпирка и најпосле двата краја ќе ги составеше за да ги заклучи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сакаше да ги заклучи мислите и да не му дозволи да тропне на тие врати.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го чекав автобусот што требаше да помине од тука и да ме однесе во Скопје. Да стигнам на погребот на вујко ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сужните ги втераа во еден од авурите и ги затворија заедно со дванаесетте коњи; им дадоа пак по парче леб и по некоја голтка вода и им ги заклучија рацете, врзувајќи ги крајните синџири за по еден од диреците на јаслите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Другиот се обидуваш да го контролираш да ги заклучи чувствата за да не згрешиш нешто!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)