ги (зам.) - закити (гл.)

Кога нејзиниот сопатник ги закити градите со „Медаља рада“ и писмо од другарот Тито, во Комитетот одлучија да ја преместат на подобро место.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Државата ги закити мажите, жените на тие мажи со задоволство ми ги закачија мене над срце, За заслуги и други самодејности во последниве години.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со кос замав ја завртев секирата околу себе кон нивните утроби да им помогнам од една глутница да станат две, да ги закитам со црвени појаси од кои се параат конци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И споулавен, некако се спроврел низ трупови и урнатини до грмушки на ридишта од кои со запалени очи гледал како аскерот ги докусурува ранетите востаници и ги закитува со пламен куќите на Негуш, потоа со камшици и кундаци да ги гони низ февруарско сивило пленетите жени и деца кон пазари на бело робје.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И се случило Панделиј Каламарис трипати да се споулави: еднаш кога останал сам и ранет во рамо меѓу своите мртви борци (и болен водел чета темни пушкари) со кои раснел и сонувал битки; потоа кога војводата Зигас, за да не се предаде жив, фрлил запален факел во бурињата со барут и, чиниш се здружиле стотици молњи и громови, летнал на парчиња кон сонцето покриено со чад; најпосле, кога десетина жени со дребни дечиња в раце се фрлиле за одбрана на честа во водопадите на Црна Река, меѓу нив и жената на Панделиј со близначињата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со гордост би ги закитиле, со класичен тероризам до анархизам мафија на имигранти...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сега потемнував од бес. Со кос замав ја завртев секирата околу себе кон нивните утроби да им ги закитам со црвени појаси од кои се параат конци.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)