ги (зам.) - задржува (гл.)

Видливо и подвижно, моето тело е ствар меѓу стварите; фатено е во фрагмент на светот, неговата кохезија е едновремена со стварите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа, меѓутоа, исто така е свртено спрема поп-културните мотиви, но овојпат рециклирани низ искуството на поп-артот, значи низ нивното „историско пребивање“ во уметноста.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Хјум почнал како нео-гео сликар и оттаму неговите „фигуративни“ слики ги задржуваат одликите на неговото апстрактно сликарство коешто своите мотиви ги пронаоѓало во мотивите од секојдневниот живот, како што е, на пример, автоматската влезна врата на аеродром.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А затоа што се движи и гледа, тоа ги задржува стварите во кругот околу себе. (Merleau-Ponty 1964:162-3) Употребата на сопствените тела од страна на уметниците ја поткопува објективацијата и поттикнува вознемирувачки, често неприфатливи емпатии, а во однос на вреднувањето на уметноста и јавното однесување претставува напад врз поимот на дистанца и објективност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Полека му се разбистри и некако му се осветли виделото, и виде дека е полноќ и дека поклопените сказалки се залепиле за полноќта и не сакаат да мрднат понатаму, како некоја невидлива рака да ги задржува и нив и времето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Да и видите виа децата, да и позакрпите, не гледате ли, слепи да прогледате, бетер од ѓупчиња се сториле! — му даде Толе да разберат зошто ги задржува дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кабаков тогаш ги задржува само фотографиите направени in situ, често со лош квалитет, темни и нејасни.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Не требаше тоа да му го кажам зашто силата што му ги задржува солзите го издаде.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Маж кој чувствува хомосексуална желба нужно се става во положбата на сексуален субјект и во општествената улога на жена, сигурно според перцепциите што другите ги имаат за него и – барем на некое ниво или до одреден степен – според неговата сопствена перцепција за самиот себеси.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сексуалната желба за полово конкретен вид објект е израз и на сексуален субјективитет и белег на родов идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да те признаат и да те третираат како машко неминовно значи и дека си општествено и субјективно конституиран како машко.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Истовремено, повеќето такви мажи си ги задржуваат општествениот статус и чувството на субјективна овластеност што им припаѓаат на сосема полноправните мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вера одвај ги задржуваше солзите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ќерка му, Левтерија, ги задржува маските, а Григор само бае.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега главен град на нова Турција стана Анкара, додека Цариград и натаму ги задржуваше атрибутите на престолнина на светот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но беа обична имитација на неговиот поранешен стил и чудно безживотни и неубедливи преџвакувања на стари теми - за жителите на бедните делови од градот, за изгладнети деца, за улични борби, за капиталисти во цилиндри - изгледа дека дури и на барикадите капиталистите ги задржувале цилиндрите на главите - еден бескраен, безнадежен напор за враќање во минатото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некои од пијаниците беа толку насилни што другите затвореници мораа да ги задржуваат силите за да ги смират.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Такси чекаше пред куќата. Следниот ден, околу пладне. Никој не ги задржуваше. Неа и детето. Ни Хелвиг.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И таа така му одговараше, но не ја ведеше главата, ами ги задржуваше своите очи во неговите терајќи го тој да ги наведе прв.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
XVII Мајка никогаш, никогаш во животот не ја видовме расплакана, ниту во несреќата ниту во среќата. Ги задржуваше храбро солзите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во себе ги задржуваше солзите кои никогаш не се излеваа по образите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Како што Мајка ги задржуваше и ги смируваше пресилните зборови во својата градина и во тврдина на молскот, така во задржаните солзи ги задржуваше пресилните удари на балканската судбина и на балканската историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајкините солзи беа најтешките капки на судбината кои таа, по цена на силно внатрешно страдање, ги задржуваше потиснати длабоко во себе, во својата мајчинска суштина, како силни знаци на страдањето и на издржливоста, со крајна цел да се одбрани семејството, како тивка победа над поразот на кој бевме осудени во егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Смешно е двоглав човек да ви ги задржува главите да не одлетаат!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
-Блаблабла. Дај ми ги стрелите - вели Бедмен. КРАЈ?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ги слушаше ветерот и океанот и мојот глас, секогаш со восхитено внимание, со концентрација што скоро ги исклучуваше самите физички тела и ги задржуваше само звуците. Ги затвораше очите за да слуша.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Делата за магнетска лента на Луенинг и Усашевски, Луис и Бебе Барон не можат да се наречат авангардни во вистинска смисла, бидејќи ги задржуваат конвенциите и прифатените вредности.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ако во своето дело ги задржува аспектите на структурата, тие се со симетричен карактер, со канонски или еднакво важни делови, било да се присутни во истиот момент или да следуваат еден по друг во времето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ми ги подава јаболката, а јас одвај ги задржувам солзите да не ги пуштам да ми се видат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таквите предмети Н не ги продаваше, туку си ги задржуваше за себе.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
На педесетина метри од влезот во земјанката, висок офицер на ДАГ, опкружен со вооружени подофицери, за миг ги задржува дојденците, кои ја кажуваа договорената парола и еден по еден ги пропушташе да продолжат по патеката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Додека образот почнуваше да му се осветлува, и однатре, како од некое чудесно ламбиче, тој ги гушкаше како деца што ги задржува уште малку, уште малку, пред да му избегаат од куќи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)