ги (зам.) - задира (гл.)

- А од што се колачињата? – сѐ уште ги задираат децата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Се качуваа на оградата, се провираа низ дупките во дворот и ги гледаа мачките што се бркаа и војуваа меѓу себе кога ќе им потфрлеа некое рипче или кога ќе почнеа да ги задираат и дразнат со стапови; врескаа мачките, а Полин со стап в рака или со вила трчаше по нив и ги бркаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)